Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се соочувате со своите силни емоции, на кои што не смеете да им го препуштите водството: хипнотизирани или како во транс, ова е чуден коктел кој што ги бранува вашите мисли. Откријте начин да абсорбирате благородни учења и да ги отфрлите неважните идеи. На професионален план работите се движат по некој утврден ред и нема поголеми стресови.

БИК: Ако сакате да стигнете на целта без некој посебен напор, потрудете се да се вратите на оригиналната замисла и работите ќе се одвиваат самите од себе: На тој начин ќе се поштедите себе си од губење на непотребна енергија и ќе го вратите своето влијание во бизнис сферата. Сега е приоритет да се грижите за себе си, без оглед какви се надворешните услови.

БЛИЗНАЦИ: Покажете ја својата нежна и неагресивна страна: како сакате да ве љубат другите, ако и самите не се љубите себе? Запрашајте се на кој апскет од вашиот живот му е потребна енергија и како да го коригирате својот карактер: застанете за кратко и набљудувајте повеќе, обидувајќи се да откриете што навистина се случува во вашиот внатрешен свет.

РАК: Повлечете се на кратко, за да ги откриете бурните води на своите емоции: ако некој ве повредил, не е нужно да возвратите со иста мера, а доколку, пак, некој ви понудил нешто, размислете како да го извлечете најдоброто од таа зделка. Љубовта игра важна улога во вашиот живот сега, а најмногу љубовта кон себе: секој избор носи со себе нови шанси.

ЛАВ: Доколку не живеете по своите правила и стандарди, ќе ја нарушите својата сопствена среќа и имиџ во јавноста: ако имате погрешна перцепција за себе, така и ќе се проектирате во надворешниот свет. Научете дека некогаш е добро едноставно да ѝ се препуштите на играта и така ќе дојдете до креативни солуции: прочитајте некоја книга со сказни.

ДЕВИЦА: Резервирани и искалкулирани, се чини дека не ја гледате шареноликоста на светот околу себе: сетете се дека животот е резервоар на богатства и повторно ќе заискри онаа мала искра во вашето срце. Сѐ ќе стигне на време и на крајот ќе се насмеете: партнерите и колегите ви веруваат и добивате признанија за своите оригинални идеи. Очекувајте промоција.

ВАГА: На материјален план ситуацијата е прилично стабилна и набрзо може да очекувате развој во бизнис секторот: вашите мечти не се само соништа, туку постои вистински потенцијал тие да се остварат. Некогаш е потребно да не делувате активно, туку само да чекате на своето време и така ќе стигнете до најдобрата опција за себе. Верувајте повеќе!

СКОРПИЈА: Бидете внимателни и ќе успеете да научите лекција или две на туѓа сметка: помеѓу црното и белото постои цел спектар на бои, од кои што треба да ја одберете онаа боја која што најдобро кореспондира со вашата личност. Разбудете се и објективно формулирајте нови планови: ослободете се од емоционалниот багаж и исцелете се.

СТРЕЛЕЦ: Стекнувањето на мудрост бара дисциплина: откривате суптилни значења позади секоја случка и учите дека постои вистина поголема од видливата реалност. Послушајте ги советите од страна на некоја повозрасна и пријателска личност, која што е богата со искуство: ќе дојдете до саканата перспектива и ќе можете да продолжите кон повозвишени цели.

ЈАРЕЦ: Што и да посакате, денес имате шанса да го остварите тоа: немирни и подготвени да освојувате нови простори, би можеле да оставите сѐ зад себе и да појдете во непознат правец. Можеби некаде згрешивте, но и тоа е дел од животот, а сега преформулирајте го планот и ќе успеете да ја менувате материјалната реалност. Сакајте се повеќе.

ВОДОЛИЈА: Денес имате потреба да се доживеете себе си во ново светло, да им побегнете на рестрикциите и да еволуирате: ова е пресвртна точка во вашиот живот, кога ќе треба да ѝ завртите грб на јавноста и на нејзините барања да бидете марионета со латентни потенцијали. Откријте ја својата уникатна природа, градејќи ја самодовербата чекор по чекор.

РИБИ: Се јавуваат повеќе избори, од кои што не треба да се плашите: не гледајте ги работите површно, туку откријте како може да се трансформирате на правилен начин. Замислете си дека сте на широка пољана, на која што не ѝ се гледа крајот и ќе откриете дека немате никаква конкуренција. Заслужувате да ви се случи најдоброто, затоа верувајте во тоа!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]