Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Наместо да ги гледате другите како се забавуваат, најдете сила да се фокусирате на позитивното и откријте нови начини да се радувате: ќе сфатите дека сте опкружени со прекрасна атмосфера! Ова е идиличен ден кога повторно откривате дека љубовта го движи светот и ќе разберете колку е богата вашата душа: имате необични и ретки таленти.

БИК: Ја следите својата интуција и не правите нагли заклучоци: трпеливи и постојани, ќе откриете сѐ во свое време. Информирајте се добро околу работите што ве интересираат и останете независни: не правете силна идентификација со она што се случува, туку откријте што е она што ви вам е од есенцијално значење: денес доаѓате до исклучителни одговори!

БЛИЗНАЦИ: Изутрината се соочувате со одолговлекувања и блокади, кои ќе ги отстраните ако останете трпеливи: суетата е знак на медиокритетите, затоа избегнувајте ја оваа замка и луѓето од мал калибар. Потоа ќе откриете дека овие потешкотии ви служат како алатка за напредување, иако можеби ви е тешко да верувате во тоа. Издржете и не предавајте се. Нови увиди.

РАК: Слободни и нежни, уживате во убави активности или патување: не дозволувајте ситниците да ви го расипат расположението, кој знае кога ќе имате повторно толку добра шанса? На овој начин ќе успеете да го поправите и своето здравје и да го вратите духовниот мир. Следете ги сите ситни знаци и пораки покрај патот и насмејте се повеќе. Хуморот е добра медицина.

ЛАВ: Ако сакате да го смените тмурното расположение, најдобро ќе биде да започнете некаква работа: во соседството, на краткотраен пат или пак во родителскиот дом. Проблемите ќе исчезнат на волшебен начин ако останете смирени и рационални. Што се однесува до работата, пак, најдобро ќе биде да не аргументирате: бидете мудри и повлечете се.

ДЕВИЦА: Денес сакате да водите содржајни разговори и да откриете нови територии: не е важно ако некој се чувствува непријатно, бидејќи она што се потиснува може да има поголем негативен ефект. Постигнете независност и слобода со голема ментална сила, зборувајќи убедливо за работите кои што ги љубите. Не плашете се од своите сенки: тие имаат мудра содржина.

ВАГА: Можеби сметате дека судбината се обидува да ве тестира и тоа ве прави нервозни: учете од добрите работи, бидејќи лошите се ионака лекција самите по себе. Соочување со кармички ситуации, кои што ви даваат нови увиди и кураж: останете понизни и ќе откриете дека сте водени од повисоки сили. Ќе си го олесните бремето ако имате доза на хумор.

СКОРПИЈА: Поволен ден кога работите се одвиваат по инерција: бизнисот е во солидна фаза и покрај ситните потешкотии. Можеби ќе сакате да превземете дополнителни одговорности, особено со странските партнери: малку сте немирни, но и тоа ќе мине брзо. Расподелете ги задачите со тимот, но и во семејните односи и ќе бидете заштитени.

СТРЕЛЕЦ: Прекрасни реализации со кои што ќе го трансформирате својот живот: слушајте го гласот на својата интуиција и ќе откриете волшебен извор на мудрост. Откријте кои се пораките со кои што можете да профитирате и споделете ги со саканите. Романтични изјави и шепоти на перниците: говорите и добивате одговори. Зарем постои поголема среќа од оваа?

ЈАРЕЦ: Без брзање ќе стигнете секаде на време: се јавува моќна сила која што ќе ве натера да ги отфрлите старите облици на однесување. Можеби ќе треба да поставите нови правила или некој ќе ви ги постави вам, но не чувствувајте се несигурно: сите процеси се сега поволни. Не плашете се ако ја губите контролата во животот: ќе научите нови работи.

ВОДОЛИЈА: Ако друштвото се разидува штом трпезата е празна, треба да се запрашате дали сте опкружени со вистинските луѓе: немањето на воља и склоноста кон елитизам ќе ве остави сами. Не провоцирајте љубомора или анимозитет кај другите, особено на професионален план. Патувањето ќе ја смени сликата на овој ден и ќе ве исполни со среќа. Нови пораки.

РИБИ: Се отвораат нови врати во вашиот живот и сега сте волни да ги истражите новите простори: нови контакти, со пријателска и романтична содржина. Го збогатувате својот живот со блиските, а се јавува и шанса да појдете некаде на пат и да посетите некој кој што ви значи многу. Потпишување на договори, нови нарачки или заем: искористете го овој ден!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo. com