Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Сега е време да застанете и да се запрашате дали се движите во вистинската насока или само се залажувате: кои се вашите мотиви и зошто работите? Дали навистина го сакате она што го правите или нешто треба да менувате? За да ги направите вистинските промени во следните два месеци, ќе треба да делувате бавно: чекор по чекор, ќе стигнете на целта.

БИК: Вашите интимни врски добиваат посериозна нота и размислувате како да ја одржите емоционалната среќа и баланс: време е за важни решенија, со кои што ќе дојдете до саканата сигурност. Побарајте совет од некоја организирана личност и не барајте закопано богатсво, бидејќи веќе го имате: сѐ што треба да направите е да го ставите во функција.

БЛИЗНАЦИ: Парите некогаш ги отстрануваат невољите, но и ги ствараат, затоа е најважно да останете фокусирани на потребите на луѓето со кои што доаѓате во непосреден контакт: имајте разбирање и отворете го своето срце, наоѓајќи време за радост и среќа. Учите како да ја балансирате својата енергија со барањата на судбината и тоа ве исполнува со необична среќа.

РАК: Успешен период, кога ја славите својата среќна ѕвезда: уживате во друштво на пријателите и саканите, раскажувајќи за постигнатите цели. Размислувајќи за минатите одлуки, ќе знаете како да постапите во непосредната иднина и ќе ја надминете илузијата, правејќи свесни одлуки. Ве очекуваат убави шанси во следните три месеци. Просперитет.

ЛАВ: Дури сега го разбирате обемот на превземените задачи: сѐ досега не ви беше јасно како тоа ќе се одвива и ќе треба да направите неколку логични чекори наназад да дојдете до корисна разрешница. Научете да си говорите со љубов и да најдете нов речник со кој што ќе си повторувате убави зборови, фокусирајќи се на својата дестинација. Ново поглавје.

ДЕВИЦА: Брзи и динамични, денес доаѓате во контакт со многу луѓе, се будат нови интереси и правите нови договори со личности кои што ги среќавате прв пат. Со разбудена страст за нови искуства, ќе се сетите дека совршенството се постигнува со мали чекори и решително ќе работите во исполнување на своите визии. Ентузијазам и организираност.

ВАГА: Можеби денес немате јасно дефинирани цели, но тоа не е причина да се тревожите: најдете начин да се одморите и да размислите за идните планови и цели, кои што допрва ќе донесат плод во вашиот живот. Што и да се случува, имајте во предвид дека темпото е бавно и дека ќе треба да се прилагодите кон тоа: бидете задоволни со себе и својата судбина.

СКОРПИЈА: Очекувајте промени во однос на кариерата, љубовта и здравјето: најверојатно ќе среќавате нови луѓе, кои ќе ви предложат какви промени да направите и да дојдете до нови одговорности. Успехот кој што го барате, ве бара вас и денес е можна промоција, нови потфати и награди. Важни состаноци, поврзани со работата, но и со летниот одмор. Нови информации.

СТРЕЛЕЦ: Денес откривате нов талент во себе, а тоа е одлучноста да се спротивстваите со сите оние работи кои што ви сметаат: лажните пријатели, наметливците и егоистите. Ќе успеете да изнајдете креативни солуции со кои што ќе го вратите балансот во животот, но и својата физичка сила. Барате подобри услови во професионалната сфера и учите да кажете “Не!“.

ЈАРЕЦ: Соочување со некои сенки од минатото, кои што ќе ви покажат какво влијание имаат врз иднината: секоја акција има своја реакција и сега треба да се прашате дали сте креатор на иднината која што ја сакате или сте кокреатор во нечија туѓа приказна? Играјте ја улогата која што најмногу ви одговара и очекувајте нагли пресврти и предизвици. Одморете се малку.

ВОДОЛИЈА: Ако очекувате награди, знајте дека тие ќе стигнат во сопствено време и можеби ќе треба да почекате уште само малку: опуштете се и уживајте во прекрасниот ден, во кој што ќе успеете да ја вратите својата сила. Мудри и оригинални, ќе откриете што е приоритет сега: вашите интимни врски, но и роднинските односи. Развивајте го својот карактер.

РИБИ: Можеби ќе треба да вложите екстра напор во работата, но и да им угодите на саканите и на семејството: направете нов план и тежнејте кон сигурност, припремајќи се за следниот чекор. Не губете го оптимизмот ако се соочите со некоја бизарна случка, туку возвратете со иста мера, борејќи се за својата кауза: вклучете го тимот и ќе победите. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]