Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако веќе некое време сонувате да направите нешто, но никако да ги направите првите чекори, денес ќе откриете дека самите ја креирате својата реалност: нема потреба од лаги, особено во интимните односи, туку со директна акција имплементирајте ги имагинативните идеи. Ќе треба да вложите екстра напор, а потоа ќе стигнете до финансиски награди.

БИК: Се чини дека околината се обидува да им опонира на вашите планови, поради љубомора и несигурност, бидејќи она кое што го работите ги буди нивните стравови. Сега е време да поработите со саканите во областа на домот и да ја постигнете саканата благосостојба, која што ја планирате одамна: вратете ја сопствената вистина и заблескајте повторно!

БЛИЗНАЦИ: Фокусирани на поситните детали од некој сегмент од вашиот живот, правите свесен напор да ја коригирате ситуацијата: со врзани раце и очи, се чини дека вашите досегашни уверувања не ви служат повеќе. Ќе треба да откриете нова стратегија и да избегнете потенцијален колапс: осамете се краток период и откријте ги причинте за овие судбински случки.

РАК: Период на изобилство, кога се чувствувате сигурно и успешно и на тој начин привлекувате уште поголема среќа во својот живот. Вашите визии добиваат конкретна форма и не се повеќе само желби, кои се далечни како птиците на небото: уживате со некоја сочувстителна личност, која што има креативен карактер. Препуштете се: сега е можно сѐ!

ЛАВ: Сѐ што ќе допрете, ќе се претвори во злато: практична апликација на својата визија и успешен ден во однос на финансиите. Сигурни во својот континуиран просперитет, се среќавате со личност која што има интересни понуди за вас: искористете го овој одличен ден за да ги ставите своите таленти во функција: без лажна скромност, уживате со пријателите.

ДЕВИЦА: Свежи и одморени, размислувате за неколку опции кои што ќе ви дадат нова перспектива во животот: свесни сте дека ќе треба да вложите голем труд и дека работите ќе одат бавно, но сепак вреди да се инвестира во тоа. Ставете се себе си на прво место и брзајте никаде: нема да постигнете ништо со тоа. Останете фокусирани и заборавете на дилемите. Среќа.

ВАГА: Од вас се бара да останете емоционално зрели ако се соочите со негативна енергија од страна на околината: поставете здрави граници и контролирајте ги емоциите. Запрашајте се дали некогаш претходно сте се соочиле со нешто слично и не препуштајте им се на негативните емоции: ветете си дека ќе ги истакнете своите најдобри квалитети. Успех!

СКОРПИЈА: Денес ќе треба да сте помалку фокусирани на своите барања и желби: работите се одвиваат навистина брзо и ќе треба да откриете каде да ги инвестирате своите ресурси. Можна е средба со личност која што има голем финансиски потенцијал, но на некој начин се плашите од сето ова: обидете се непристрасно да ја истражите ситуацијата. Внимавајте.

СТРЕЛЕЦ: Можеби условите ќе бараат да напредувате директно, но може да се соочите со блокади, кои ќе се покажат како позитивни: сега не е време за брзање, туку за смирена контемплација и искалкулирани чекори. Сетете се дека не постојат случајности и ќе се коригирате: останете флексибилни и ќе уживате во среќа со саканите до крајот на денот. Прослава.

ЈАРЕЦ: Ова е прекрасен ден кога ќе може да ги броите своите финансиски благослови: вложеното се исплати и правите нови договори, со кои што ќе постигнете успех на глобален план. Средба со иновативна личност, која што ќе ви помогне да постигнете независност: повторете ја истата рутина за еден месец и ќе уживате во огромна среќа! Следете ја интуицијата.

ВОДОЛИЈА: Ова е ден кога лесно комуницирате со другите и постигнувате вистинска блискост: чувствувате дека сте чуени и разбрани. Останатите ви веруваат и сакаат да ви се доверат, бидејќи знаат дека ќе им помогнете: направете поголем напор и мобилизирајте се, избегнувајќи ја склоноста кон мрзеливост. Така ќе успеете да дојдете до луксуз.

РИБИ: Ако сакате да продолжите напред во животот, ќе треба нежно да се завртите кон минатото и да ги оставите своите сенки таму: разберете дека во срцето сте сѐуште дете, кое што сака да биде чуено и разбрано. Откријте ја својата помека страна и шепнете си некој тивок збор, враќајќи ја надежта во својот живот: чудесата постојат и тоа не само во приказните.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]