Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Време е за праведни одлуки кои ќе го издржат тестот на времето: ова се решенија што ќе имаат ефект врз благосостојбата на саканите, затоа верувајте во себе и во она што го работите. Љубопитни и возбудени, го оставате зад себе стравот и подготвени сте да се соочите со непознатото: ако чекавте некаков знак, денес ќе го добиете. Бидете трпеливи.

БИК: Нов ангажман, со кој што ќе го надминете чувството на лимитираност и ќе ја коригирате финансиската состојба: дајте го најдоброто од себе и покажете ги своите вистински бои. Можеби во областа на домот треба да направите некакви адаптации, но и тие ќе бидат со поволен исход ако се организирате добро: фокусирате се на својата сопствена вистина.

БЛИЗНАЦИ: Сега сте блиску до моментот за финиш, затоа издржете уште малку: можеби постои некој кој што би сакал да им се спротивстави на вашите планови, но ќе знаете мудро да се справите со оваа личност и да отпловите кон помирни води. Фокусирајте се на потенцијалните договори со долготраен карактер и ќе го извлечете најдоброто за себе. Успех!

РАК: Конечно можете да се ослободите од неупотребливите уверувања и да продолжите со својот живот, доаѓајќи до поблескава иднина: болеста, жртвите и застарените ставови остануваат во минатото. Вашите чаши се прелеваат од задоволство и зрачите со необичен сјај и среќа: креативен период, исполнет со љубов и внимание. Верувајте си повеќе.

ЛАВ: Вашето внимание е завртено кон финансискиот сектор и успевате да ја коригирате материјалната состојба: осигурајте го она што ви е лично важно и бидете благодарни што можете да си ги исполните своите сништа. Можеби ќе треба да појдете на пат или да се сретнете со некоја помлада и креативна личност, но не е време да ги откриете плановите.

ДЕВИЦА: Ве очекува светла иднина, само ако најдете начин да си простите себе и на другите: не гледајте кон минатото, бидејќи тоа е само тоа – минато. Постојат убави услови да научите од грешките и да се коригирате, правејќи здрави граници меѓу себе и оние кои што ви сметаат. Останете мирни, мудро избирајќи што е приоритет и има вредност. Нови шанси.

ВАГА: Ригидните услови почнуваат да ви сметаат и сакате да постигнете поголема емотивна слобода и задоволство: откријте ги пропустите од минатото, за да може да направите квалитетни промени. Убава планетарна поддршка, која што ќе го забрза темпото на животот: приоритетите се менуваат и убавото станува грдо, а грдото убаво. Насмејте се, идете понатаму!

СКОРПИЈА: Емотивни изливи од страна на некоја сензуална личност, кои што не треба да ги занемарите: преку овој однос ќе се запознаете самите себе подобро и ќе ја откриете силата на својот дух. Наоѓате разбирање за помалку среќните и наоѓате клуч со кој што ќе функционира вашата комуникација: играјте вешто и разумно, но не откривајте сè што знаете сега.

СТРЕЛЕЦ: Семејните врски се исполнети со љубов и разбирање и секој член придонесува да се одржи овој среќен период: долготрајни договори, кои повторно ќе го зближат семејството. Очекувајте вести од странските партнери или некој пријател, кој ќе ве советува како најдобро да ги инвестирате своите финансии. Запознајте ги пријателите подобро.

ЈАРЕЦ: Сонцето им дава поддршка на вашите партнерски врски: бидете внимателни да не го пропуштите овој поволен ден, останувајќи врзани за своите дилеми. Она што го гледате како лошо во другите е одраз на вашата ментална состојба и ова не е прв пат да се соочите со вакви трикови. Некои детали имаат мистериозен карактер и се повторуваат: бидете сочувствителни.

ВОДОЛИЈА: Соработка со некоја убава и креативна личност, со благородно потекло: ова е показател дека работите може да донесат финансиски фидбек и да се подобрат друштвените односи. Партнерствата влегуваат во динамична фаза и ќе треба да внимавате да не навредите некој: избегнувајте фриволно однесување, давајќи си преголемо значење. Време е за рапорти.

РИБИ: Верувате во некоја личност на висока позиција со која ќе сакате да ги споделите своите искуства: нежни и романтични, ќе најдете ново значење во своите интимни врски. Можеби ќе треба да избирате помеѓу две атрактивни опции и ова ќе ви претставува големо задоволство: доаѓате до духовен мир после период на неизвесност. Имајте самодоверба.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]