Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се случуваат крупни промени за кои допрва треба да го фатите ритамот: истовремено сакате да напредувате, но и да се одмарате и никако да одлучите што е приоритет. Почекајте до вечерта и ќе се соочите со комплетно неочекувани случувања: нов ангажман или пријателски понуди за патување. Прекрасни шанси за уживање во летото.

БИК: Веќе подолго време вашите соништа имаат необична содржина и се прашувате што значи сето тоа: тајни симболи, кои ја претставуваат непосредната иднина, но дали ги разбирате правилно? Минувате низ крупни трансформации и потребно ви е да разговарате со некој за да ја разберете содржината на правилен начин. Време е за будење!

БЛИЗНАЦИ: За да ги исполните личните аспирации, ќе треба да ги прифатите сите распрснати елементи од својот живот: ако ги победите тешкотиите во себе, промените ќе се рефлектираат и надвор од вас. Околностите се поволни да започнете нешто од голема важност, кое што ќе трае следните шест месеци и ќе ви претставува огромно задоволство. Договори.

РАК: Задоволни поради завршените проекти и докажаната компетентност, денес продолжувате кон помирни води: успешно го враќате балансот во својот живот, размислувајќи за неодамнешните понуди со голем креативен потенцијал. Нови партнерства и здружувања, како и шанса за патување покрај море. Размислете што е приоритет и организирајте се добро.

ЛАВ: Во вас лежи сета мудрост на светот и нема потреба да ги барате одговорите надвор од себе: ако боли, запрашајте се зошто боли и продолжете напред. Небото ќе ве благослови и набрзо ќе ја вратите својата виталност и желба за живот. Тежнејте кон промени и ќе ги смените навиките: ова е ваш период, во кој учите нови стратегии. Сакајте го она што го работите.

ДЕВИЦА: Послушајте ги добродушните совети од страна на љубените: тие се тука да ви помогнат во секој аспект од вашиот соживот. Ако животот бара рестрикции или адаптација, направете го токму тоа и намалете ги амбициите за сега: талентираните луѓе се покажуваат самите од себе и нивната сила секојдневно расте. Реорганизација на професионален план.

ВАГА: Она што го планирате за денес можеби ќе добие друг правец: наместо саканото, ќе појдете на сосема друга дестинација, затоа опуштете се и не правете реакции. Сè е во вечно движење и ништо не останува исто, а промената доаѓа во вистинското време: нема потреба да се лутите ниту себеси ниту на другите. Чекајте поповолен тајминг.

СКОРПИЈА: Средба со личност на силна позиција и голем авторитет, некој што сака да го сподели своето знаење со помалку среќните: ако работите во голема организација, денес ќе треба да ги регулирате методите на работа. Вложете го целото свое срце во вашите потфати и останете флексибилни: разбирајќи се себе и другите, ќе бидете поефикасни.

СТРЕЛЕЦ: Минувате низ радикални промени и за сега не знаете каде ќе слета авионот: не дозволувајте му на стравот да ви биде автопилот. Вашите блиски роднини и колеги се тука да ви помогнат и сè ќе си дојде на своето место ако само верувате повеќе: летото само што започнува и работите стануваат поинтересни. Не брзајте и имајте мера во она што го работите.

ЈАРЕЦ: Најдете сила да ги поднесете денешните промени: губење на некоја позиција, партнерство или пријател. Можеби мислите дека она врз кое што работевте се руши и нема за што да се фатите, но верувајте дека сè се случува со причина и дека она што не функционира, треба да остане минато. Ако продолжите по свое, ќе правите исти грешки. Менувајте се пријатели.

ВОДОЛИЈА: Крупни промени, кои што индицираат пресвртна точка во животот: направете инвентар за она кое што сте успеале да го постигнете до сега и откријте како да го унапредите својот бизнис. Склоноста кон материјализам ви создава непријатели, а тоа се рефлектира како болест, ноќна мора или анксиозност. Откажете се од потребата да контролирате. Простете.

РИБИ: Доаѓате до сознание што сè сте успеале да постигнете во животот: имате добра работа, можеби и сопствен бизнис, а и материјалната ситуација е на задоволително ниво. Потезите се солидни и не се само кула од песок, така што тоа ви влева смиреност и верба во иднината. Сега е време самите себе да се запознаете подобро и појасно. Судбински случки.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]