Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Постои можност дека се чувствувате задушено и ви е потребно да земете свеж здив: забележувате дека некои шеми се повторуваат во животот и сега ви е потребна нова и свежа солуција. Застанете на кратко и дишете смирено: нема ништо да направите ако се борите со ветерници. Комплексни ситуации, преку кои ќе успеете да го вратите авторитетот.

БИК: Сензуални и склони кон уживање во поубавата страна на животот, ова е ден кој што ќе го минете во елитно друштво, со што ќе си ја вратите самодовербата: опуштете се малку и дајте им слобода и на другите да бидат тоа што се. Не очекувајте големи промени, туку пловете си тивко на своето облаче исткаено од љубезност и комфор. Смиреност и медитација.

БЛИЗНАЦИ: На самиот почеток на денот се можни конфликти, но очекувајте дека тие ќе се разрешат самите од себе, затоа вардете си го здравјето. Можни се недоразбирања во непосредната околина, но и тоа ќе биде отстрането со многу внимание и разум: останете смирени и ќе победите. Со тоа ќе се зголеми вашата среќа на природен начин. Успех!

РАК: Смирени и одморени, подгответе се за позитивни изненадувања: телефонски разговори или средби со драги луѓе, кои што ќе ве исполнат со среќа и надеж. Ако немате јасна идеја како понатаму, послушајте ги советите од овие личности кои ќе ви помогнат да се релаксирате. Пред вас се радикални промени на професионален и општествен план. Радувајте се!

ЛАВ: По изминатиот интензивен период, полека си доаѓате на себе: откривате дека сè уште постојат причини за радост, а искуствата ви отвораат нови можности за напредување. Откријте начини да го шармирате светот и исцртајте нова мапа кон својата инспирација: почувствувајте ги подлабоко идните промени и ќе знаете кон кој правец да се упатите. Освежување.

ДЕВИЦА: За да на правите крупни и долготрајни промени, ќе треба да научите дека не сте тука да им бидете исповедник на другите: убаво е што имате сочувство, но нека не биде тоа на ваша штета. Отстранете ги минатонеделните тешкотии и спремете се за пат кон непознатото: ова се судбински чекори, со кои што ќе си го вратите дигнитетот и виталноста. Без страв!

ВАГА: Препуштете им се на нежните емоции и сугестии од страна на љубените: ова не е ден за дилеми, туку за верба која што ќе ве однесе на саканата дестинација! Верувајте му на своето срце и ќе откриете дека постојат луѓе кои што ве сакаат сесрдно, а со нив можете да постигнете многу – ништо не е невозможно. Направете план, визуализирајте и ќе успеете.

СКОРПИЈА: Не им дозволувајте на дилемите да ве парализираат: запрашајте се повторно колку се чисти вашите сопствени мотиви? Немањето на силна воља може да ве блокира и така да го изгубите својот авторитет. Ова најмногу се однесува на работата и легалните процедури. Не секој го дели вашиот ентузијазам и тоа е во ред. Патување, нови идеи и солуции.

СТРЕЛЕЦ: Потпрете се удобно во столот и причекајте до утре за подобри услови: насмејте се дури и при најупорните тешкотии и раширете ја својата позитивна енергија. Со убава заштита од планетите, нема да дозволите да ве извадат од такт и да губите време непотребно: верувајте си повеќе и ќе привлечете прекрасни шанси! Утре е нов и посреќен ден.

ЈАРЕЦ: Најтемно е пред да зазори: најдете некое тивко катче и запрашајте се од какви промени се плашите? Доколку успеете да го чуете тивкиот глас кој што праќа пораки од вашата потсвест, ќе успеете да се коригирате на време и да се ускладите со другите. Амбициозниот нагон кажува многу за вашиот карактер, а сега е време да го смените. Бидете меки и нежни.

ВОДОЛИЈА: Се јавуваат повеќе опции за партнерства – лични и професионални, а што укажува на среќни исходи. Семејните односи се враќаат во нормала и ќе ги послушате советите на најблиските: тие се тука да ви помогнат да одлучите кој е вистинскиот пат за вас. Сега е време за тимска соработка и во тоа лежи вашата сила. Бидете истрајни и мудри. Нова соработка.

РИБИ: Размислувате за патувања и за активности што ќе ви донесат среќа: постои некој дисбаланс, кој ви претставува тага. Сепак, ова набрзо ќе се смени и, иако нема да биде лесно, ќе успеете да направите прогрес на професионален план, а проблемите ќе се покажат како ситници. Следете ги сите правила и ќе ви биде полесно во срцето. Откривате нов ритам.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]