Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Љубовта е онаа работа од која што на човека му се врти во главата: светли, расположени и без чувство за страдање, ќе сакате да им го подарите светот на оние што ви се допаѓаат. Со време поставете граници, обидувајќи се да на претерате: откажете се од себичните интереси и бидете хумани. На работен план бидете тактични и анализирајте повеќе.

БИК: Денес барате ново значење во својот живот: на мудар начин ги синтетизирате контадикциите и знаете колкави се вашите можности. Некои би рекле дека ја сакате мудроста, повеќе отколку таа вас и така постигнувате победа во материјалниот свет. Откријте го повторно своето хоби, наоѓајќи време за разговор со своите пријатели и роднини.

БЛИЗНАЦИ: Крајно време е да се извлечете од рутината во која што сте западнале: вас не ве мрзи да работите, но ниту пак ве мрзи да ги гледате и другите додека работат. Чувството дека сте заглавени е при крај и треба да се запрашате дали го давате својот најголем потенцијал за да го постигнете саканото? Ослободете се од сопствените погрешни уверувања и активирајте се.

РАК: Брзи информации, со кои што ќе откриете дека е крај на еден циклус: обрнете внимание на своето здравје, откривајќи важни информации од влијателни луѓе. Можеби се борите на психолошки план или се срамите од нешто, но овие личности се непристрасни и ќе ви дадат добар одговор. Набрзо ќе ги откриете плодовите на својот труд. Успех.

ЛАВ: Започнува нова фаза во вашиот интимен живот пријатели: можеби сѐуште не сте свесни, но ќе откриете нова пасија, која што ќе ги зацврсти вашите емоции и ќе почнете позрело да размислувате како да постигнете хармонија. Нешто сосема ново влегува во дневната рутина и се смеете како никогаш до сега: убаво друштво и причини за славење.

ДЕВИЦА: Време е за радикални промени, со кои што ќе си помогнете да напредувате: искористете ја славата и не губете повеќе време. Неизбежните резултати ќе бидат нешто сосема ново и неочекувано, по што ќе може да ги изразите своите таленти: тежнејте кон едноставност и постигнете совршенство. Малку кој успева во тоа, но вреди да се обидете. Трпение.

ВАГА: Побарајте помош ако треба да отстраните нешто во животот: од стари предмети, до личности кои повеќе не му служат на вашиот развој. Прашајте се што стагнира и надраснете го тоа, исцелувајќи се себе си и најблиските. Не срамете се да се распрашувате за важните работи и разберете ги пораките од страна: помогнете им на пријателите.

СКОРПИЈА: Емоционално повлечени и незадоволни, поради некои неодамнешни случки: шанса која што ја одбивте, а сега жалите за тоа. Сега е важно да се запрашате што е она што ви е најважно и да ги направите следните чекори. Можна е средба со љубов од минатото, со која што ќе ги славите сеќавањата. Најдете време за домот и семејството. Решителност.

СТРЕЛЕЦ: Денес сте спремни за авантура во романтичниот живот: храбри и шармантни, ќе правите големи гестови, чувствувајќи се непобедливо! Оставете простор за малку неизвесност и така ќе разберете што е ваша должност, а кои се вашите желби. На професионален план треба да се опуштите, особено ако воочите грешки: бидете потолерантни и тактични.

ЈАРЕЦ: Барате нови вредности во својот живот: искуството ви кажува дека треба да се менувате и да се соочите со контрадикторноста и потешкотиите. Битката секогаш се води од внатре, а тоа се одразува во надворешниот свет. Скромни, но расположени да љубите, ќе ѝ дозволите на фантазијата да ви открие како да постигнете баланс. Ја откривате сопствената сила.

ВОДОЛИЈА: Сега е време да се запрашате дали се борите за вистинската кауза: ако наоѓате маани кај другите, тоа значи дека не сте се ослободиле од сопствените, а најголемата е тврдоглавоста! Насмејте се повеќе, дури и во најкиселите моменти и обидете се да се вклопите во сегашната ситуација. Ако треба, едноставно анализирајте и чекајте.

РИБИ: Подготвени да им дадете на помалку среќните од вас, одлучувате да ја прекинете досегашната агресија: можеби не сакате да се менувате, но условите го налагаат тоа. Повлечете се за да избегнете пораз и внимателно бирајте со кого ќе се дружите: не сите пријателства се содржајни. Некои се празни како вреќа, а полни со суета. Многу нови почетоци.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]