Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Убави влијанија ви ја враќаат вербата за живот: умерени и образувани, луѓето го забележуваат вашиот сјај, а вие се усогласувате со нивните потреби. Давате широкогради совети и на тој начи привлекувате нови пријателства. Малку добрина кон некој човек вреди многу повеќе отколку силна љубов кон човештвото: денес ништо не е невозможно!

БИК: Чудни коинциденции и судбински случки: со победата над стравот, ќе постигнете мудрост. Кармички конекции, кои е тешко да се разберат: само мудрите се вистински слободни и исто реагираат кон доброто и злото. Отворете се кон новата ситуација и бидете подготвени, верувајќи во подобри исходи: така ќе го надминете незнаењето и ограниченоста.

БЛИЗНАЦИ: Прекрасен ден за промени, најмногу во работната средина: партнерските односи се менуваат, како и семејните должности. Ќе постигнете хармонија, само ако го прифатите своето место во светот и ќе се ослободите. Запрашајте се добро до која фаза се вашите најголеми сништа и што може да да направите за да ги остварите. Отворете се за совети.

РАК: Животот продолжува и покрај тешкотиите и ако сметате дека не можете да ѝ избегате на судбината, ќе научите како да ја смирите својата ментална состојба, наоѓајќи начин да го изразите она што ве боли. За тоа е потребна вештина и мотивација, како и разбирање на природните циклуси на животот. Средба со личност со силна ментална енергија.

ЛАВ: Далечината е искушение за вистинските чувства, а вашите се постојани и топли и не се плашите да ги изразите: прекрасен ден за нежни изливи на љубов, како сериозно посветување во интимните врски. Расположението се пренесува и на работен план и денес зрачите со убава енергија, изразувајќи се интелигентно и полни сте со разбирање. Конструктивни решенија.

ДЕВИЦА: Нешто сосема ново започнува денес: работа на два проекти, ангажман во два дома или поврзување на две сосема различни теми. Како да сте ученик на првиот школски час и се прашувате како да продолжите: нема место за страв, сето ова ви е толку познато, само треба да се потсетите. Сменете некој аспект од себе. Животот е циклус што се повторува.

ВАГА: Уживајте пријатели, денес нема место за загриженост или жалење во вашиот живот: планетите гарантираат дека ќе се насмеете, дури и ако се соочите со застој. Можно е да се случи да не се разберете со некој пријател, а утеха ќе најдете ако го слушате сопствениот глас, не имитирајќи ги другите. Прашајте се дали имате валидни информации. Успех.

СКОРПИЈА: Коренот на проблемот лежи во минатото: погледнете ѝ на вистината во очи и ќе разберете како донесените одлуки се рефлектираат во сегашноста. Така ќе ги надминете илузиите и ќе дојдете до мудрост. Можеби ќе треба да делувате на сопствена рака, но внимавајте да не се вовлечете во преголеми шпекулации, туку бидете разумни и зрели. Покажете пример.

СТРЕЛЕЦ: Средба со личност која што во многу аспекти е различна од вас: срцето ќе започне да тропа со нов ритам и ќе сакате да ги изразите своите емоции. Уживате како да сте во градина полна со рози и занесени сте од опојниот мирис околу себе. Ако појдете на пат, со сигурност ќе доживеете љубов на прв поглед! Нова стратегија на професионален план.

ЈАРЕЦ: Секој ден еден мал дел од човекот умира и така разбираме дека животот е комплексен и повеќеслоен: што и да се случи, ќе научите дека не сте центарот на светот и ќе започнете да размислувате подлабоко. Можеби бисерите и дијамантите се највредното нешто, а уште повреден е умот што знае да расудува мудро: анализирајте повеќе.

ВОДОЛИЈА: На самиот почеток на работната недела е можен инцидент или средба со некој страшен противник: ќе се ослободите само ако говорите вистина. Прашајте се дали е рационално да влезете во дуел или да оставите сѐ во минатото, заминувајќи во непознат правец. Задоволството е со краткотраен карактер: тоа е интервал помеѓу две незадоволства.

РИБИ: Бидете свесни што сакате да постигнете во животот. Она што им го давате на другите, ви се враќа на истиот начин. Дали навистина го живеете она што го зборувате? Подготвени за дебата, мафтате со својот меч дури и во празно: внимавајте да не се повредите, имајќи погрешни импресии и барајќи константна стимулација. Покажете ги талентите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]