Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Некаков вид промени на емотивен план, кои бараат од вас да се вложите сесрдно: ослободете се малку и имајте поголема верба во саканите. Иако се резервирани, тоа не значи дека не ве љубат. Најдете време за разговор и откријте што е приоритет: природата е опкружена со тајни, кои се откриваат во сопственото темпо. Без дилеми.

БИК: Добро здравје, внатрешен мир и едноставна радост: Месечината во Девица ја поттикнува вашата елегантна природа и јасно ја доживувате реалноста, гледајќи ѝ директно во очи. Богати и истрајни, нема да дозволите ништо да ве заведе од вистинскиот пат: најдете време за потребите за саканите и заемно проширете ги своите хоризонти и ум. Баланс.

БЛИЗНАЦИ: Добро ги разбирате чувствата на блиските: ќе им простите за минатите грешки, за да може со леснотија да продолжите напред. Задоволни поради постигнатиот луксуз, размислувате како да ги исполните своите најдлабоки желби: не претерувајте во пишувањето на предолга листа, треба да ги познавате сопствените сили. Умереност.

РАК: Ова е ден за друштво, како и прошетка во непосредната околина: ќе бидете слободни, само ако ѝ служите на вистината. Контакти, разговори и романтични состаноци, при што ќе се покажете во најдоброто светло. Напредувате на општествените скалила и ова е момент кога ќе сјаете: пристигнува помош од страна на пријателите. Ново друштво.

ЛАВ: Некои работи повторно се враќаат, како ехо разбиено од некоја карпа: денес треба да заборавите на дел од старите обичаи, без оглед колку е долга нивната традиција. Вашиот шарм е нагласен и добро ги разбирате саканите: секој аспект од нивните потреби и лични желби. Духовити и интелигентни, успевате и на професионален план. Нови контакти.

ДЕВИЦА: Разиграни и во совршен баланс со себе, денес правите отстапки и им помагате на пријателите или на домашните: ќе успеете да ги надминете меѓусебните разлики со духовити досетки и шеги. Може и да научите нешто ново, особено ако изнајдете храброст да се соочите со своите стравови и сенки: запознајте ги добро своите желби. Скромност.

ВАГА: Се чини дека сте загрижени за некои работи непотребно: можеби нешто го притиска вашето срце или некој од страна се меша во вашиот живот и сето тоа изгледа како изгубена битка. Што и да се случи, не се одмаздувајте, туку најдете време да ги зацелите своите рани. Отворете се повеќе кон новите идеи и откријте што е најважно за вас.

СКОРПИЈА: Имате желби кои ја поттикнуваат вашата надеж и верба: атрактивни шанси и самоувереност. Некои шеми се повторуваат, само за да ги усовршите своите способности: запознајте се подобро и не престанувајте да истражувате. Стремите кон ѕвездите и имате високи идеали: оваа среќа ќе ве следи во текот на целата година. Толеранција.

СТРЕЛЕЦ: Вам ви припаѓа најхуманата должност, а тоа е да се борите со тиранијата и незнаењето: ако досега се чувствувате осамено, денес ќе одлучите да смените нешто. Мудро ќе ги избегнете опасните ситуации и ќе се ослободите од загриженоста. Вашите сакани се тука да ви помогнат за да го олесните своето бреме. Бидете спонтани сега.

ЈАРЕЦ: Момент за крупни промени: дали сте подготвени да го смените стариот начин на однесување? Дали доволно размислувате за староста и како ќе ја дочекате? Можеби ќе треба да напуштите некои места, луѓе и предмети кои што повеќе не му служат на вашиот раст. Не губете самодоверба, туку дејствувајте во вистинското време. Фокусирајте се.

ВОДОЛИЈА: Како по правило, кога една лоша работа ќе се случи, веднаш следуваат уште неколку по неа: нагли промени кои ќе ви дадат нови идеи за тоа како треба да продолжите во блиската иднина. Можност за нови инвестиции и практично користење на вашиот имот. Заводливи и витални, ќе започнете нови плодни активности. Добро здравје.

РИБИ: Криза во личните односи: можеби се чувствувате блокирано, но и тоа ќе мине набрзо. Што и да се случи, разберете го тоа како тест низ кој мора да минете. Денес ви се потребени мир и самотија, а се чини дека цената за тоа задоволство е превисока. Бидете внимателни при одлучувањето кого ќе пуштите во својот свет. Мудрост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]