Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Секој ден сте поблиску до она што го сакате: размислувате за совршен партнер, кој што ќе ги задоволи вашите финансиски барања. Сѐ се врти околу професионалните ангажмани: победа и успех при учењето, но и бизнисот. Можна е промоција, но внимавајте на нагласената импулсивност: поклонете се пред главите полни со мудрост. Нова фаза.

БИК: Не верувајте во помош однадвор, бидејќи тоа доведува до несигурност: потпрете се на самите себе и ќе бидете силни и радосни. Имајте добро дефинирани цели, верувајќи дека успехот ќе си дојде во сопствено време: бидете истрајни и не прифаќајте работи под вашите стандарди. Ако треба, почекајте уште малку. Љубете се повеќе.

БЛИЗНАЦИ: Бавното темпо не ви одговара сосема: најмногу би сакале брзо да ги отстраните тешкотиите од својот живот. Свесни за многу работи околу себе, се прашувате дали навистина сте заштитени како што е потребно: дали навистна разбирате како да бидете праведни? Бидете доблесни и побарајте ги вистинските пријатели: тие не бараат ништо за возврат!

РАК: Се соочувате со некаков вид на љубомора: можни се недоразбирања на работен и на семеен план. Она што го носите во себе, се рефлектира и во другите. Бидете екстра внимателни во новите познанства. Силни емоции со луѓето во непосредната околина: разделба од блиските, како и дарови. Добро здравје или информации на таа тема.

ЛАВ: Велат дека слободата е како воздух: не се чувствува, сѐ додека не почне да исчезнува. Можете да вртите лево или десно, но најважно е да кочите во вистинското време, разбирајќи дека имате и други совозачи со себе. Тие ви се попотребни отколку што мислите: повеќе од огин и од вода. Бидете зрели и негувајте ги своите сакани. Мудрост.

ДЕВИЦА: Велат дека советите се за будали: на интелигентните луѓе им се толку потребни, што и самите не ги даваат! Сонцето во Бик ви дава пријателска поддршка и ќе научите дека за сега е најдобро да патувате сами, отколку со будали и никаквеци. Во тешкотиите се препознаваат храбрите, како и вредноста на пријателите. Не затворајте очи пред вистината.

ВАГА: Со Месечината во Овен, ќе треба да најдете време за себе си: поштедете се од преголеми вложувања. Хранете се добро и здраво, радувајќи се на сработеното. Лесно е да се има мислење, а потешко да се работи: ако сакате да ги остварите своите соништа, ќе треба да се потрудите повеќе. Не се откажувајте само затоа што сте нерасположени. Балансирајте.

СКОРПИЈА: За да ги запознаете другите подобро, ќе треба да жртвувате дел од себе: откријте го своето срце и ќе ги разберете непознатите. Ако се соочувате со потешкотии, радувајте се на помошта која што доаѓа. Избегнувајте тврдоглавост, како кај себе, така и кај другите и правете искалкулирани чекори. Размислувајте за иднината. Воспоставете нови врски.

СТРЕЛЕЦ: Одамна знаете дека некои луѓе стареат, без сосема да созреат: едни стареат како чевли, а другите пак како вино. Иако е парадокс, не си верувате ниту на сопствените зборови и дела, а така ниту на другите. Најдете сила и малку повеќе љубов во своето срце. Насмејте се и поставете нови правила и стандарди. Менувајте се бавно.

ЈАРЕЦ: Дали се плашите од присуството на некоја личност? Ако е така, разберете дека иста е состојбата и при нејзиното отсуство, но кои се причините? Нема потреба за освета, туку само за љубов: ако нешто ви смета, отстранете го со сомилост. Научете ги сопствените недостатови, пред да ги судите другите и одбегнувајте да бидете еднострани. Фер солуции.

ВОДОЛИЈА: Како мајстори на инвенцијата, денес започнувате нов проект: работете тимски и запознајте се подобро со останатите. Време е да отворите очи и да ги проучите минатите одлуки, за да продолжите во вистинската насока. Припремете се подобро, надевајќи се дека овој пат ќе успеете. Бидете трпеливи и ќе ги соберете плодовите на својот труд.

РИБИ: Животот е како тркало кое што не запира да се врти: може да испредете најубава сказна на светот, но и најголем кошмар. Она што сте го вложиле, тоа и ќе го добиете: ако дозволите да ве води страста, ќе се плашите од осуда. Ако, пак, сте биле рационални, ќе дојдете до добри плодови. Без лутење и агресија, таква е природата на животот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]