Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Време е за одлуки, но ќе треба добро да бирате од што да се откажете: не може сѐ преку ноќ да се постигне. На емоционален план работите не се розови и можна е привремена разделба, која ќе предизвика фрустрација, затоа бидете подготвени за мали жртви: сѐ додека чувствувате страв, срам или омраза, нема да напредувате. Намалете ги амбициите.

БИК: Без оглед на вашата положба, изградете за себе визија дека вашата работа е важна и има силно влијание: така ќе добиете респект и во заедницата. Планетите ве советуваат дека кога најмногу ќе сакате да брзате, токму тогаш треба да бидете бавни и така ќе стигнете до градината на својот успех. Бидете постојани во своите намери.

БЛИЗНАЦИ: Запрашајте се добро дали функционира вашиот внатрешен радар и чувство за хумор? Откријте добро што е она што треба да биде отфрлено и разберете дека ако сте несреќни, пријателите ќе ве напуштат брзо. Дали и навистина се пријатели? Секој има свој став за работите, а тоа е како и со часовникот: сите мислат дека нивниот е најточен.

РАК: Консултација со некоја доминантна фигура во вашиот живот: најверојатно ќе дојдете до значителна сума на пари, а што дефинитвно ќе ве исполни со среќа. Економската ситуација се подобрува значително и можна е промоција: дел од пријателите се љубоморни поради ваквиот статус, но не им придавајте преголемо значење. Соочете се со фактите.

ЛАВ: Соочување со некаков вид на криза: иако ова е период за успех, одеднаш сфаќате дека пред вас се отвораат нови предизвици, за кои што воопшто ниту бевте свесни до сега. Бидете трезвени и чесно погледнете ѝ на ситуацијата во очи, разбирајќи го својот удел во исходот. Самољубието е најлош советник, затоа немојте да сте неискрени со луѓето.

ДЕВИЦА: Нешто прекрасно влегува во вашиот живот: ако сте во некаква новоља, затропајте кај пријателите и тие ќе ви отворат врата. Тежнејте да ги разберете нивните пораки и поврзете ги сите точки во една поголема целина. Размислувајте за иднината и за вашите најлуди сништа, користејќи ја својата нежна и невина природа. Широкоградост.

ВАГА: Совршена љубов која ве уверува дека сте со вистинскиот партнер: размислете како да ја продлабочите оваа врска и да ја направите трајна. Иако имате добро здравје, можно е да се соочите со некаков вид на стрес, особено на работен план: набрзо ќе успеете да ги намалите своите долгови и тоа ќе ве развесели. Истрајте во својата мудрост. Одморете се.

СКОРПИЈА: Работата ви е наметната, а финансиската ситуација е стабилна: добро се чувствувате во својата кожа, имајќи солидни проекти во реалноста. Вашите идеи ќе успеат само со покорување на вродената страст и со поддршка од семејството и пријателите. Фокусирајте се на бизнис секторот и бидете реални, зацврстувајќи ги старите врски.

СТРЕЛЕЦ: Одберете улога што најмногу ќе ви одговара: ако сакате да одморите, направете го токму тоа. Ако сакате да бидете динамични, препуштете му се на текот и жртвувајте дел од сопственото време. Ова е време на изобилие и кога во природата има надеж во посветла иднина: направете ги неопходните конекции и ќе постигнете успех.

ЈАРЕЦ: Можеби ќе сакате да се натпреварувате во нешто: велат дека ако удрите со главата во некој сад и слушнете дека тој звучи шупливо, не треба да носите заклучок дека тоа навистина е така. Сѐ до последен час нема да знаете што се случува, ако и самите не направите напор достоинствен за вашата сериозна природа. Најдете ги пријателите.

ВОДОЛИЈА: Можеби правите претпоставки за многу работи, а тоа ве прави несигурни и конфузни: велат дека будалата се фали со своите вредности, додека пак мудриот ги чува во себе. Не употребувајте увредливи изрази, туку сѐ што се случува, прифатете го филозофски. Оваа транзиција е болна и ќе треба да ја надминете депресијата. Учите и зреете.

РИБИ: Разиграни и безгрижни, се обидувате да останете тактични, дури и кога условите се менуваат: наоѓате сила да им помогнете на покревките од себе. Вредни и силни, вашето внимание е потребно дома, каде што треба да направите солиден план за блиската иднина. Изнајдете неконвенционални решенија и не размислувајте за времето.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]