Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денес сте приморани да им одадете почитување на авторитетите: почитувајте ја конвенцијата и не се однесувајте фриволно, бидејќи би можеле да зажалите. Можеби сте некомпетентни и не можете да учите од своите грешки, а повторувајќи го старото однесување нема да ви донесе чест. Обрнете внимание на имотот и штедете повеќе.
БИК: Сега веќе можете да се опуштите: можеби ќе појдете на пат или ќе дочекате луѓе од странските земји. Сѐ што чините е на свое место и во свое време и наоѓате сила да се соочите со сенките од минатото. Некои работи се повоторуваат само да нѐ научат колку сме пораснале: оставете ја конфузијата зад себе, радувајќи се на сегашноста.
БЛИЗНАЦИ: Се чини дека подолго време ништо не ви од од рака, за сѐ нешто треба да вложите поголем напор и резултатите се неивесни: партнерите од странските земји се несигурни и сѐ веќе добива димензија на спектакл кој ви прави нервоза. Преку соочувањето со ненормалните услови, разбираме што е нормално: бидете посериозни сега.
РАК: Ова е исклучително важен период пријатели: силни емоции со луѓето со кои што контактирате и промени кои доаѓаат на време. Бидете им лојални на овие личности, развивајќи се себе си за возврат и размислете добро за судбината: слободата е нешто како и парите – на некои им помага, а на другите не. Делувајте истрајно и трпеливо, но не и тврдоглаво.
ЛАВ: Сегашната ситуација може да се разбере на два начини: ако ги раскинувате долгогодишните врски, прифатете го тоа филозофски. Секако дека е тажно, но ако си дозволите да се сеќавате, тоа значи дека повторно ги будите старите духови. Можеби ве боли, но разберете дека не можете да ги натерате останатите да ве сакаат. Без форсирање.
ДЕВИЦА: Незадоволството може да ве поттикне да напредувате, но не отпочнувајте ништо, сѐ додека не донесете свесно решение. Планетарната ситуација е таква и не дозволува брзање: ниту во работата, а уште помалку во интимните врски. Застанете и чекајте. Медитирјате и одморете се повеќе: размислувајќи за минатото, ќе знаете од што да се ослободите.
ВАГА: Свесни сте дека сте пред крупни промени, иако за сега немате сила за сето тоа. Сепак, тоа не значи дека не треба да размислувате какви ќе бидат вашите следни чекори: обрнете поголемо внимание на домот и повикајте мајстори да ги санирате потребните проблеми. Веќе некое време немате време за себе и тоа е главниата потешкотија. Бидете разумни!
СКОРПИЈА: Ретроградниот Јупитер ве потикнува да штедите и да собирате што е можно повеќе, како да доаѓа зима, а не обратно: потрошете малку и оставете нешто и за утре. Насмејте си се самите на себе за ваквиот став и прашајте се дали ги имитирате другите: дали го слушате добро сопствениот глас, хм? Она што ви тежи, треба да остане во минатото.
СТРЕЛЕЦ: Направивте големи жртви за да ги поддржите најблиските и го вложивте и последниот атом од својата сила и мудрост: ако наидете на потешкотии, знајте дека постојат луѓе кои што ќе ви помогнат. Разбирајќи ја добро природата на светот, ќе оставите многу ситуации во минатото, правејќи место за нови шанси. Бидете разиграни и весели, помогнете некому.
ЈАРЕЦ: Нема бегање од реалноста: сега треба добро да размислите како доаѓате до истите ситуации, година за година. Немирни и конфузни, барајте ги одговорите во себе. Месечината во вашиот знак ќе ви открие кој ви игра зад грб и ве прави да се чувствувате мизерно: прашајте се дали сте доволно храбри конечно да се соочите со оваа личност? Не кријте се вечно.
ВОДОЛИЈА: Време е да се соочите со мистериите на животот: не сѐ може да биде објаснето рационално и логично. Проширете ја својата перспектива колку што е можно повеќе и не се концентрирајте само на она што можете да го добиете за себе. Насмејте се малку и бидете помудри, привлекувајќи си подобра среќа: ќе почуствувате олеснување. Радосни вести.
РИБИ: Балансирајте добро помеѓу себе и другите: не може за едните да сте мајка, а за другите маќеа. Така и себе си сѝ правите лошо: хранете се добро и со храна која што е добра за вашето тело, но и дух и оставете ја старата болка зад себе. Време е да простите, да заборавите и продолжите напред. Некој се обидува да ви привлече внимание, дали сте подготвени?
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ