Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Силни планетарни влијанија ве ставаат во првите редови на случувањата: иако минувате низ несигурни времиња, сепак сте расположени да им помогнете на другите и да остварите некоја заедничка цел. Можеби нема да сте расположени за долги разговори, но светот на зборовите понекогаш нема ништо ново да каже. Сменете ја перспективата.

БИК: Се чини дека имате необичен талент: што и да допрете, се претвора во злато! Уживате во тоа да работите со луѓе кои што развиваат повисоки идеи и цели, а и тие ве почитуваат поради вашата истрајност, трпеливост и разбирање. Можеби би сакале побрз развој на настаните, но зошто ви е тоа? Уживајте во бавното темпо, наоѓајќи време за учење.

БЛИЗНАЦИ: Секој од нас има свое тајно ковчеже со волшебни талисмани, со кое што успева да си ја врати довербата во животот: денес е ден за потпишување на легални документи, договори или лиценци. Ако не читате добро, земете очила и прочитајте ги и најситните букви на печатениот материјал: на тој начин ќе се заштитите од правење грешки.

РАК: Можеби ќе треба да го стегнете својот ремен и да започнете да штедите: ако не останува ништо што може да биде оставено настрана, обидете се барем да направите нова листа на приоритети и на тој начин избегнете финансиски колапс. Обрнете поголемо внимание на вашата физичка и духовна состојба: насмејте се и покрај блокадите.

ЛАВ: Кога изучувате нешто што го буди вашиот дух, автоматски сте среќни и исполнети: ентузијазмот расте и знаете дека имате вреден продукт во рацете. Она што е важно е да не форсирате и инсистирате на брза победа, туку полека да ги сортирате фактите и поврзете во една поширока целина. Надвор можеби е ладно, но внатре тлее топол оган.

ДЕВИЦА: Денес би можеле да се соочите со широк спектар на расположенија, за кои што треба да го активирате вашето критичко размислување: ако не функционира една идеја, прејдете во остварување на онаа која што објективно има пореални шанси да се реализира. Верувајте повеќе во себе си и почнете да правите ризици: вие го можете тоа!

ВАГА: Кога најмногу ќе се сомневате во своите сили, вложете екстра напор да разберете што се случува и ќе успеете да го вратите својот авторитет кај пријателите и љубените: ова е одличен ден во кој што ќе ги измазните сите разлики во меѓучовечките односи. Имате генијални планови за тоа како да постигнете баланс и хармонија.

СКОРПИЈА: Дали да плачам или да пеам или некаде да се сокријам: се чини дека сте уплашени да се соочите со сегашната ситуација. Иако сакате да делувате, повеќе не знаете како, најмногу поради тоа што не сакате да си признаете дека брзате и на тој начин правите грешки. Сега разбирате каде мистифицирате, но тоа нема да ја коригира работата.

СТРЕЛЕЦ: Силно влијание од страна на некоја личност што ја познавате одамна, а која што има авантуристички, храбар и динамичен дух: ќе евоцирате спомени и ќе си покажете колку всушност се почитувате. Ако го минувате времето седејќи во некоја темна просторија, најдете време да излезете и да се прошетате на чист воздух. Направете крвна анализа.

ЈАРЕЦ: Исполнети со необична среќа, денес ќе треба да застапувате некоја цел, како да сте актер кој што треба да настапи на сцената: облечете се убаво, прочитајте го тексотот неколку пати пред да започнете и покажете се во ново светло. Ќе откриете дека новата улога ве исполнува со задоволство, затоа без вина завземете ја целата сцена!

ВОДОЛИЈА: Срамежливи и како да припаѓате на некоја далечна култура, денес ќе се обидете да се поврзете подлабоко со своето суптилно тело: запрашајте се што ви лежи на срцето и како да го остварите тоа. Штом ги поврзете спротивставените страни во себе, ќе ги продлабочите и своите романтични врски и пријателства.

РИБИ: Вашите сопствени мотиви не ви се јасни сосема: се прашувате зошто се однесувате ексцентрично и не можете да се адаптирате, без оглед колку и да се трудите. За разлика од вас, другите имаат поизострен слух и внимание за туѓите потреби и тоа го прават на непристрасен начин. Научете нешто ново од овие личности и заборавете на гордоста.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]