Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред вас се крупни промени, кои што можеби предизвикуваат страв: сепак, место за вкочанетост нема, туку за активирање на сите сили, со кои што ќе постигнете финансиска независност. Работите брзо се менуваат, а промени има и во вашиот интимен живот: облечете се убаво излезете некаде на убава вечера. Бидете среќни.

БИК: Практични, бавни и искусни, истражувате начини за нови искуства и стварање на нов свет со што би ја убиле досадата: со големо уживање забележувате како се менува сезоната и колку се убави есенските бои. Ова е одличен ден за медитација, самоподобрување, но и еротика. Вашите непријатели се победени. Успех.

БЛИЗНАЦИ: Објавете ги јавно своите намери и покажете колку ви е потребна утеха: насмејте се, бидејќи денес ќе го добиете саканото. Планетите се нежни со вас и каде и да појдете, се среќавате со разбирање и поддршка од страна на познатите. Ако почувстувате слабост, одвојте малку време за да ја реставрирате физичката сила.

РАК: Работната недела започнува со прекрасни шанси за учење, напредување, но и располагање со туѓите пари: покажете ја својата компетенстност и познавање, особено ако започнувате нов проект, во кој што треба да го презентирате сето свое искуство. Ги разбирате туѓите мотиви и успевате да простите. Постигнувате чест.

ЛАВ: Насмејте се пријатели, денес ве очекува необична среќа: долготрајните интимни врски се продлабочуваат, а оние кои што се сами, имаат шанса да запознаат некоја атрактивна личност. Како да сте повторно млади и во екот на летото, кажувате топли зборови и ги шармирате саканите. Денес нема место за омраза.

ДЕВИЦА: Ова е ден кога ќе научите дека секој има по нешто да каже: откријте го најсилниот аргумент и прифатете го како вистина. Ако некој ги прекрши ветувањата, завртете нова страница и размислете на кого можете да се потпрете: ќе откриете дека чуда се случуваат секој ден и ќе се сретнете со нови поддржувачи.

ВАГА: Можеби ќе треба да побрзате уште рано изутрина, но ништо страшно ако се удрите и си предизвикате некоја модрица размислувајќи како да стигнете на време. Погледнете ги работите од друга перспектива и ќе запазите дека имате основа за редовни финансиски примања: не плашете се, прифатете го предизвикот!

СКОРПИЈА: Ако сакате да ја постигнете старата слава и чест, ќе треба да го погледнете светот со нови очи: да, можеби еден дел од животот заминува, но ниту еден напор не е залуден, туку си носи со себе убави награди. Правете им добро на луѓето и тоа ќе ви се врати. Следете ја интуицијата и помогнете со некоја активност дома.

СТРЕЛЕЦ: Силно влијание од страна на некоја личност која што е балансирана, софистицирана и шармантна: ќе го покажете своето влијание и ќе ги зацврстите своите контакти со далечните земји. Размислете добро за понудените опции, бидејќи тие имаат крупен потенцијал. Појдете на лекар и проверете го видот.

ЈАРЕЦ: Како да сте на пазар на суети: ако сметате дека е премногу бучно, нема потреба да се појавувате во јавност. Потребна ви е длабока и содржајна врска, со која што ќе ги излекувате сите неважни и плитки потешкотии. Ако си играте со оган, би можеле да се изгорите, затоа бирајте ги добро своите битки. Напишете ново сценарио.

ВОДОЛИЈА: Она што беше сокриено во минатото, денес ќе се појави на светло на денот: разоткривање на тајни, проблеми или потиснати емоции, по што ќе успеете да се исцелите. Оној кој што ќе најде сила да обвини некој друг, треба да поседува многу доблести: вчерашното лудило е денешно минато. Заборавете на суетата: ослободете се.

РИБИ: Секој нов избор носи промена и свеж почеток: средба со личности од минатото, со кои што сте поврзани на роднинско или романтично ниво. Ако работите во некоја етаблирана институција, ќе се обидете да ги повторите истите шеми на работа, но реално ќе успеете само ако изнајдете нов облик за креативно изразување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]