Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Во главата ви се вртат разно разни сценарија и ако не соберете храброст за да кажете што сѐ ви смета, ќе се повредите самите себе: мерете го секој збор и дајте му една објективна содржина. Не мора да ги усложнувате работите, останете ладни и рационални, особено на професионален план. Нов ангажман.

БИК: Можеби некој сака да ве повреди и ви игра од зад грб: бидете истрајни во отстранувањето на овој тип на блокади. Сериозни, мудри и практични, ќе знаете како да се справите со потенцијалните непријатели: вашиот зрел хумор ќе ви обезбеди нова победа, како и топли и интимни разговори. Време е за страст!

БЛИЗНАЦИ: Денес ќе треба да играте сигурно, обидувајќи се да не се повредите самите себе: поддржани од страна на јавноста, успевате да ја покажете својата компетентност и чест. Со добро здравје, елан и виталност, сакате да постигнете нешто од трајна вредност, договарајќи се со некоја личност на важна позиција. Успех.

РАК: Планетите покажуваат дека треба да ја кротите својата анксиозност: точно е, ве чекаат важни промени, особено во партнесрката сфера, но не гледајте при тоа што можете да изгубите, туку што можете да добиете движејќи се во погорните слоеви на општеството. Направете нов конструктивен план и следете го до крај!

ЛАВ: Веќе некое време се стремите да ги проширите своите хоризонти, прифаќајќи ги понудените сугестии од страна: брзо учите, уште побрзо напредувате и многу веројатно е дека ќе појдете некаде на пат. Контакти со странци или луѓе со напредни и оригинални идеи, кои што ќе ви помогнат да стекнете популарност.

ДЕВИЦА: Растргнати помеѓу сопствените уверувања и она што ви го кажуваат другите, ќе треба сериозно да размислите како да ги употребите своите таленти: најдете некое мирно место и разговарајте нежно со себе. На прв поглед можеби сѐ се чини исто, но тишината ќе го продлабочи вашето разбирање. Верувајте си повеќе!

ВАГА: Импулсивни, шармантни и страсни, ќе треба да внимавате и да не се претрчате самите себе, кажувајќи нешто во погрешно време и место. Некој ќе заплаче или вам ќе ви биде жал, затоа држете ја својата импулсивност под контрола. Помогнете му на семејството да се ослободи од различните видови на блокади.

СКОРПИЈА: Среќни сте бидејќи го работите она што го сакате и тоа со луѓе кои го делат вашиот ентузијазам: бидете свесни за себе и непосредната околина, обидувајќи се да го задржите фокусот и вниманието. Ако им наредите на своите навики да се сменат преку ноќ, нема да успеете, затоа истрајте на својот пат на самореализација.

СТРЕЛЕЦ: Некој натрапник би сакал да ви се наметне во животот и да предизвика многу голема штета: внимавајте кому давате приватни податоци, бидејќи би можеле да доживеете финансиски дебакл. Најдете сигурен советник во приватната сфера и играјте ја препишаната улога. Ако сте болни, земајте ги лековите навреме.

ЈАРЕЦ: Во вас се води внатрешна битка, со која што треба да ги расчистите старите кармички долгови: толку многу таленти, а толку малку време. Тешко ви е да се одлучите помеѓу две еднакви опции и можеби сѐ ќе ѝ препуштите на судбината. Потребен ви е баланс и денес ќе ја следите својата потреба за љубов и мир.

ВОДОЛИЈА: Бидете праведни кога ќе се соочувате со консеквенците од изборите направени во минатото: прифатете што ви се нуди и не гледајте повеќе назад. Како старовремско грне наполнето со темјанушки, така и вие наполнете го своето срце со вредни желби и соништа. Не комплицирајте, убавината е едноставна!

РИБИ: Потребни ви се повеќе информации во областа на законот и правосудството, за да можете да влијаете коректно во иднина: сензитивни, имагинативни и сочувствителни, знаете што точно да им понудите на саканите. Можеби тие се по малку пасивни, но тоа не значи дека не се грижат: постои топла љубов меѓу двајцата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]