Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Расположени и љубопитни, денес ќе откриете многу нови работи за себе: можеби сте премногу чувствителни и тоа е изненадување за вас. Ако ги притиснете саканите повеќе отколку што треба, ќе се сочите со аргументи и раскинувања. Воздржете се малку и покажете дека знаете подобро. Компромис.

БИК: Влегувате во една мистериозна фаза, каде што ќе откриете дека некој е тајно вљубен во вас: романтичните изјави ќе ве изненадат и ќе ве натераат да се соочите со еден нов свет на потенцијали. Можеби се плашите и сето ова ви се чини опасно, затоа останете прибарни и разумни. Зрачите со редок шарм.

БЛИЗНАЦИ: Вие или вашите блиски ќе треба да појдете некаде на пат, за што ќе бидете многу весели: време е да научите нешто ново за далечните земји, култури и закони. Многу работи за сега се сѐуште нејасни, но ако вложите доволно напор и се подготвите навреме, ќе уживате, памтејќи ги сите детали уште долго време.

РАК: Се соочувате со парадоксални вистини со кои што ќе го промените својот начин на размислување: дадена ви е поддршка или совет кој што не знаете како да го примените. Ако сакате да излажете некој, прво ќе мора да се излажете себе, но тоа ќе биде последната алтернатива ако не се сетите на нешто друго. Трансформација.

ЛАВ: Ако сакате да направите крупни промени, ќе треба да ги активирате своите врски во некои важни институции, особено оние од едукативен карактер: учите за да напредувате и љубите да учите. Сериозни и мудри, ги довршувате последните детали на некој проект: не мислете си дека среќата заборавила на вас!

ДЕВИЦА: Можеби животот е битка, но таа не треба да се префрли на домашниот терен: колку и да се чувствувате несфатено, учете да љубите со сите свои сили. Оној што навистина сака, подготвен е брзо да прости и на тој начин да создаде една поубава реалност. Не кријте ги стравовите, туку отворено разговарајте за нив. Промени.

ВАГА: Суперсензуални, денес ги привлекувате туѓите погледи и светот се врти со нова динамика: ќе се насмеете лево, па десно и ќе ги соберете сите суптилни знаци за романса. Ако нешто ви лежи на срцето и ве боли, најдете пријателски јазик и објаснете ја својата ситуација: ќе откриете дека полесно е да се збори, отколку да се вика.

СКОРПИЈА: Сакате да напредувате мислејќи дека имате што да покажете, но ќе откриете дека светот не е толку расположен за вашите интимни реализации. Зошто? Бидејќи се обидувате да ја зголемите својата улога во моменталните случувања. Најдобро ќе биде да ги процесирате дневните случки и да останете непристрасни.

СТРЕЛЕЦ: Одеднаш се соочувате со аспекти од себе со кои што не сте сосема подготвени да им обрнете внимание: фасцинирани од некој пишан збор или документ, ќе се потсетите како е најдобро да се заштитите. Повикајте се на советите од некоја страсна, креативна и авторитетна личност и ќе успеете да најдете свој израз.

ЈАРЕЦ: Некоја личност од позадина владее со вашето срце: иако сте преморени, ќе успеете да ги реализирате своите аспирации користејќи го својот стар и добро познат шарм. Оставете вашата лична магија да говори за вас и работата ќе се заврши многу побрзо отколку што очекувате. Наскоро очекувајте промоција.

ВОДОЛИЈА: Обично не сте голем љубител на традиционалните вредности, но минувате низ долгогодишен период кој што ќе ве научи токму на тоа: она што може да го понуди вашата култура, може и да го смени светот, па зошто не би се обиделе? Уживајте во животот, одбирајќи ги најдобрите вештини со кои што ќе се презентирате.

РИБИ: Не дозволувајте некој да си игра игри со вас, со мотив да ви се одмазди: повлечете се интелигентно и откријте колку реално припаѓате во таквата ситуација. Имате доволно капацитет да се справите со ваквите блокади, па дури и да заборавите на сите тешки навреди. Наградете ги токму овие луѓе со некој ситен гест.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]