Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Совесни, со висок интелектуален потенцијал и нови идеи, денес изнаоѓате генијални планови со кои што ќе усреќите луѓето околу себе: добро е да знаете дека сте љубени и покрај резервираното однесување на блиските, а со што повторно ќе станете спонтани и среќни. Голема ментална сила и инспирација.

БИК: Имајте сочувство за себе, како што имате за другите: ова е одличен период да се ослободите од песимизмот и да ја прифатите понудената љубов. Започнете нов креативен проект, со кој што ќе се изразите најдобро: сега сфаќате дека се сакате себе си токму какви што сте, а и тоа е некој вид на безусловна љубов.

БЛИЗНАЦИ: Замислете дека сте турист кој што шета прв пат низ некој нов град: имате некакво искуство кое што ќе ви каже што е добро, а што не чини да направите и ако ги следите овие пораки на интуицијата, ќе избегнете многу опасности. Нова дневна рутина и добро здравје: прашајте го семејството што му треба и дајте му го тоа.

РАК: Ако сакате да ги сфатите мистериите во својот живот, ќе треба прво да ги разберете своите потреби: ако не се разбирате самите себе, како ќе се разберете со останатите? Понекогаш сте премногу дефанзивни, а понекогаш офанзивни и вашите напори се губат некаде на средината: бидете толерантни и трпеливи.

ЛАВ: Можеби ќе треба да појдете на патување, каде што ќе ги разработувате своите проекти сѐ до најситниот детал: волшебна поддршка од семејството и блиските пријатели, со која што си го враќате стариот сјај. Работете во пар и не форсирајте: имајте резервна идеја и ќе имате поголеми шанси за промоција.

ДЕВИЦА: Комуникацијата станува подлабока и содржајна, со што ќе успеете да го елиминирате непотребното губење на сила: дури и најголемите брегови се создадени од зрна песок и знаејќи го ова, ништо нема да ви наштети. Седнете некаде во сенка и слушајте го внатрешниот глас: останете ведри, весели и љубени.

ВАГА: Доаѓате до фаза кога ќе иницирате многу нови проекти, со голем финансиски потенцијал: страсни, гласни и самоуверени, внимавајте да не претерате со своите романтични изјави. На работа ве очекуваат нови клиенти, барања од соработниците и шефовите: навистина светот е вашата школка! Пазете ги очите.

СКОРПИЈА: Започнувате нов годишен циклус и периодот на темнина останува зад вас: го гледате светот со нови очи и воочувате некои работи што не сте ги забележале претходно. Дали е тоа поради фактот што сте позрели за една година повеќе или поради вложените напори? Направете нешто добро за себе и своите блиски.

СТРЕЛЕЦ: Иако имате многу алатки за исполнување на својата животна мисија, добро е да се запрашате дали сте си задале претешка задача со тоа што трошите пари и време на предмети кои што навистина не ви се потребни: зарем животот е само трка за самодокажување? Откријте каде ги имитирате другите: бидете оригинални!

ЈАРЕЦ: Покажете ги своите тајни вештини и знаења: како да сте врвен алхемичар кај кого сите се обраќаат за некој зрел и мудар совет. Закопајте ги оружјата и откријте нов начин на кој што ќе постигнете финансиска сатисфакција. Во вечерните часови најдете време за дружење и некој интимен муабет. Награди.

ВОДОЛИЈА: Капката вода го има истото својство како и океанот: влажна е, испарува и се манфестира во нешто друго. Па така и вие пријатели ги имате истите карактеристики како и луѓето наоколу, но сѐ што треба да направите е да проектирате поинаква слика за себе: на тој начин ќе постигнете слава и бесмртност.

РИБИ: Тажно е ако двајца не можат да се смеат заедно: иако ви е тешко и сте изморени, ќе откриете нова сила и елан во себе. Од денес натаму ќе успеете да ја вратите физичката сила, но и ќе размислувате за некоја тајна или далечна љубов. На работен план се јавува нов бизнис со големи шанси за просперитет.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]