Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се трудите со сите свои сили и моќ да останете во добро расположение: вашата мотивација е постигнувањето на мир и баланс. Весели, убави и духовити, отворени сте за туѓите сугестии и подготвени сте да истражувате во непознатото: многу веројатно е дека ќе успеете да дојдете до оригинални солуции. Време е за хумор.

БИК: За вас денес може да се каже дека ве следи неверојатна среќа: водени од повисоки сили, успевате да завршите важни проекти и да започнете нови со нов ентузијазам. Свежи и атрактивни, го фокусирате своето внимание кон постигнувањето на богатство, па дури тоа да е само уживањето во природниот свет.

БЛИЗНАЦИ: Нови планетарни влијанија, кои што ве туркаат да создадете една поубава иднина: запрашајте се кои се вашите најинтимни соништа и делувајте во тој правец. Користете го своето искуство, особено ако се соочите со некоја личност која што би сакала да се конфронтира со вас: останете смирени и повлечете се.

РАК: Сѐ додека не ги расчистите финансиски прашања и недовршените работи од минатото, нема да постигнете совршен мир: денес е ден за чистење, правење на нови планови и реорганизација. Откако добро ќе ја разберете својата сегашна улога и позиција во светот, лесно ќе дојдете до просперитет. Забава.

ЛАВ: Замислете си желба и очекувајте таа да ви се исполни: денес сте во позиција да ги остварите своите најинтимн идеи и да истапите во прв план. Ако работите на два проекти, тие волшебно ќе се надополнуваат и дилемите ќе останат во минатото: одличен момент да заблескате повторно, покажувајќи ја својата мудрост и моќ.

ДЕВИЦА: Имате поддршка од некоја сочувствителна личност на висока позиција, која што ќе ви укаже како да постигнете оригиналност: сѐ ќе биде во ред, само ако го следите своето темпо и не брзате. Време е за нови искуства кои што ќе ви го стоплат срцето: благодарни за животните лекции, наоѓате сила да процветате.

ВАГА: Иако сте премногу сериозни, денес ќе одговорите на на внатрешниот поттик кој што ви вели дека треба да продолжите напред: како да танцувате на некоја мелодија која што ја слушате смо вие самите. На професионален план ве очекува успешен ден, кога ќе пожнеете многу финансиски благослови. Успех!

СКОРПИЈА: Светлината повторно се враќа во вашиот живот и ги осветлува и најтемните катчиња кои што сакаат да се прочистат: нема место за тајни и повторно сте силни да го поглднете светот низ нова перспектива. Сѐ што сте вложиле, порано или подоцна ќе ви се исплати и ако сте разумни, ќе успеете и да се одморите.

СТРЕЛЕЦ: Можеби сте појдени некаде на пат, каде што се чувствувате осамени: зошто ги барате одговорите надвор од себе, кога сѐ што треба е да сте понежни со себе. Наместо да седите во едно место и да размислувате премногу, прифатете ги советите на пријателите и излезете некаде каде што ќе уживате заедно. Љубете повеќе.

ЈАРЕЦ: Можеби чекавте долго, а денес ќе ги добиете сите потребни одговори и информации во еден ист момент: брза динамика и равој во работата, со која што ги реализирате своите амбиции. Споделете ја својата среќа со останатите и грижете се добро за својата добросостојба и здравје: хранете се добро, но умерено.

ВОДОЛИЈА: Потребно ви е водство за да се доближите до личности кои што повеќе му одговараат на вашиот дух и статус, но тоа не значи дека треба да гледате во минатото и да барате причини за да не им се приклучите. Напротив, свртете го своето внимание кон непосредната иднина и истражувајте како да се усовршите.

РИБИ: Со добро здравје и одлична кондиција, вашата сопствена енергија ќе ви донесе нови почетоци: истражувајте во областа на љубовта и емоциите, за да дојдете до онаа длабочина која што ја посакувате. Тоа ќе ја врати вашата самодоверба и ќе успеете да загосподарите со судбината: потешкотиите ќе останат во минатото.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]