Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Вашата чувствителност во однос на привремената материјална реалност, не ви доликува сосема: наместо да плачете по загубените шанси, завиткајте ги ракавите и подгответе се да работите за да ги остварите своите најдлабоки желби. Не калкулирајте однапред и бидете невини како дете: така ќе успеете да постигнете независност.

БИК: Ако сакате да изградите куќа, ќе треба да поставите здрава основа на која што таа ќе стои; ако сакате да постигнете слава, ќе треба да го познавате семејното наследство и своите предци. Искусни и рационални, знаете со кого да ги здружите своите сили и да ги остварите амбициите: не брзајте и пронајдете го своето темпо.

БЛИЗНАЦИ: Расположени, силни и љубопитни, успевате да дојдете до точни информации кои што ќе ве усреќат: ја прифаќате понудената поддршка одстрана и можеби ќе патувате, каде што ќе остварите значителна сума на пари. Верувајте во себе си и во својата судбина и така ќе добиете поширока перспектива во животот. Можно е наследство.

РАК: Ја менувате својата судбина слушајќи ги понудените и моќни сугестии: сакате да се приближите кон некој и подготвени сте за љубов. Што и да наумите, имате доволно сила да го остварите тоа, со што ќе постигнете нов и подобар животен стил. Размислувајте практично и откријте кои проекти чекаат да бидат завршени. Успех и среќа.

ЛАВ: Можеби би сакале побрз развој на настаните, но и со бавниот ритам ќе успеете да завршите многу: како прво ќе бидете подготвени подобро, нема да правите непромислени чекори и ќе се заштитите навреме. Најдобро ќе биде ако работите од дома, каде што се чувствувате сигурни и заштитени: чуда се случуваат секој ден!

ДЕВИЦА: Следете ги своите интимни чувства и размислувајте оригинално: на вашите идеи им е потребен свеж пристап и нова перспектива. Не дозволувајте правилата и стандардите да станат толку крути и да ја гушат спонтаноста: вложете ја и последната капка радост од своето срце и ќе напредувате. Постигнувате признанија.

ВАГА: Растргнати помеѓу две опции, работни места или проекти, ќе успеете да постигнете стабилност ако разберете час поскоро дека сѐ се менува и ништо не стои во место: ако треба да појдете на пат, сторете го тоа и потоа размислувајте како набрзо да ја привлечете среќата во својот живот. Одморете се и продолжете понатаму.

СКОРПИЈА: Ќе го вратите својот баланс ако успеете да бидете воздржани: што и да се случува во надворешниот свет, останете смирени и не ги малтретирајте останатите. Не дозволувајте ваквото расположение да се префрли и во бизнис секторот, туку размислете добро што е она што ве труе и ве тера да се однесувате бесмислено.

СТРЕЛЕЦ: Ако сте среќни и задоволни со она што веќе го имате, она што денес ќе го добиете само ќе го продлабочи вашето расположение: најдете време за дружење, но и за одмор. Верувајте му повеќе на своето семејство, отколку на површните пријателства и ќе избегнете потенцијални незгодни изненадувања. Креативен потенцијал.

ЈАРЕЦ: Моќни влијанија кои што ви помагаат да се вратите во играта: после долготраен период на тешки битки, болест или анксиозност, денес ги покажувате своите вистински бои. Се надминувате себе си во обидот да добиете поширока визија за животот: мистериите се разјаснуваат и истражувате повеќе во областа на науката и техниката.

ВОДОЛИЈА: Можеби сакате да оставите убава слика за окото на јавноста, особено ако имате повод да прославите нешто: насмејте се, завземете поза и останете така! Треба да научите кој е вистинскиот баланс и кога треба да станете кога повеќе не ви се сервира љубов. Искуството е важен учител на животниот пат, а вистинските пријатели се реткост.

РИБИ: Здравиот натпревар и постигнувањето на неправедна победа се сосема различни работи, кои што носат различни кармички последици: ќе избегнете колапс ако успеете да не бидете вовлечени во дебати и интриги. Никој не сака кога му се работи од зад грб, затоа вратете го фокусот на финансискиот сектор и можноста за патување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]