Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес покажувате дека можете да се носите со својата внатрешна сила многу добро и на тој начин ќе ги отстраните тешкотиите: решителни, убедливи и моќни, ќе ги шармирате сите наоколу. Можеби повеќе би сакале да сте сами, да појдете некаде на пат и да излезете од вообичаената рутина. Многу телефонски разговори.

БИК: Оние што знаат да чекаат на крајот ќе се соочат со убави изненадувања: задоволни, пријатни и балансирани, го гледате светот преку нови искуства. Ги користите своите таленти за да им помогнете на луѓето и имате убави и реципрочни врски: она за кое што размислувате, тоа и го привлекувате. Длабока љубов.

БЛИЗНАЦИ: Следете ја својата интуиција која точно ви кажува како да постапите: сега сте веќе искусни учесници, а не само посматрачи и ако досега се соочувавте со тешкотии, од денес натаму добивате помош. Време е да поставите здрави граници и да престанете да реагирате, кога нема потреба за тоа. Насмејте се повеќе и останете разиграни.

РАК: Конечно знаете од што да се ослободите и што е приоритет: доаѓате до нова фаза во животот, во која што ќе реновирате, поправате нешто во домот или креирате нова база со која што ќе ја смирите душата. Не дозволувајте емоциите да ве влечат на различни страни и рефокусирајте се. Најдете време за нега, одмор и длабок сон.

ЛАВ: Денес се соочувате со повеќе опции и сите се еднакво привлечни: избирајте добро за да стигнете до саканата цел. Сакате да постигнете финансиска благосостојба и просперитет, а за што треба да се организирате подобро. Велат дека и за талентот треба да се има среќа, како и за мудроста: ослободете се од неважните работи.

ДЕВИЦА: Можеби би сакале побрз развој на настаните, но треба да го фатите сопственото темпо: така ќе успеете да научите кога да инвестирате или кои инвестиции да ги прифатите. Процесирајте го она што сте го научиле и погледнете ги работите од друга перспектива: Сонцето сјае секој ден, без оглед дали го гледаме или не. Финансиски награди.

ВАГА: Внимавајте на комуникацијата и воздржете се од непријатни коментари: не мора денес да одговорите на сè. Почекајте малку и бидете трпеливи: дозволете им поголема слобода на саканите и однесувајте се праведно. Бидете креативни и имагинативни кога станува збор за работата: почекајте до вечерта или следниот ден. Успех.

СКОРПИЈА: Некој пријател се појавува неочекувано во вашиот живот: добивате подароци, нови информации и пораки од кои што ќе бидете воодушевени. Можеби сето ова нема материјална вредност, но тоа не е важно: важен е советот кој што содржи длабока вистина. Разберете ја симболиката на сето тоа и ќе знаете како да дејствувате понатаму.

СТРЕЛЕЦ: Елегантни, сензибилни и убави, погледнете се во огледалото и откријте кои навики треба да ги менувате: дали работите премногу, без да земете здив и да најдете време да се одморите? Зарем животот се состои само во борба за поголема заработка? Некои задоволства можете да си ги дозволите и потоа да се релаксирате.

ЈАРЕЦ: Победете го стравот и ќе се насмеете повторно: неочекувани и убави изненадувања. Можеби ќе добиете промоција, нова понуда и соништата ќе станат реалност, а со тоа ќе се продлабочи и интимниот живот. Нови партнерски односи и тимска соработка, во која што секој член ја задржува својата индивидуалност.

ВОДОЛИЈА: Одличен ден за прослава на блиските пријателски врски, за опуштеност и забава: бидете флексибилни и не правете преголема идентификација со она што се случува наоколу. Дружењето со истомислениците ќе ви помогне да се однесувате адекватно и да се соочите со клаустрофобичните ситуации. Отворете се за авантура.

РИБИ: Не жалете за пропуштените шанси, туку гушнете го своето внатрешно дете шепнувајќи му тивко дека е време да се одмори: креирајте солидна база, каде што ќе можете да ја реставрирате својата сила. На тој начин ќе успеете да се одморите од сите битки и да направите нова стратегија, која ќе ве врати назад во играта.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]