Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Бидете подготвени за пораки со подлабок карактер и не гледајте ги работите црно-бело: некаков вид покана, која носи потенцијал за духовно и емоционално будење. Започнување на креативен проект, кој ќе ве исполни со радост и средба со личност со која што ве поврзуваат повеќе заеднички работи.
БИК: Радувајте се бидејќи се приближувате кон помирни води: нема причина за загриженост, животот се одвива токму според сопственото темпо. Проектите започнати со вашите сакани влегуваат во посериозна фаза и ако треба да се селите, денес е одличен ден за подготовки. Отпатувајте во природа и земете свеж воздух.
БЛИЗНАЦИ: Сега не е време да се затворате во еден круг на сомнежи и дилеми, туку да се зближите со саканите и да откриете како да си помогнете заемно: размислете добро за тоа како да ги искористите циклусите на природата во своја полза и разберете ги мистериите. Некој се обидува да го привлече вашето внимание. Информации.
РАК: Можеби ви недостига некој пријател или личност од емоционалното минато, со која што сте имале силна и топла врска: учете да се адаптирате кон промените во животот и ќе успеете да го сочувате своето здравје и добра кондиција. Потпрете се на оние во својата непосредна околина и вратете си ја насмевката.
ЛАВ: Можеби не сте сосема задоволни од резултатите на своите инвестиции, но денес се среќавате со личност која има силна регенеративна моќ, а ќе ви помогне да ги реализирате своите желби. Не гледајте кон минатото туку искористете го она што го имате сега и работете на долготрајните проекти. Ве очекува успех.
ДЕВИЦА: Нови планетарни влијанија кои што ве ставаат во прв план: веќе одамна се борите за позиција која што успевате да ја добиете денес и сега сте разиграни и среќни како дете! Нема повеќе никаква сенка на вашето духовно небо: искрени и добродушни, успевате да си го вратите балансот, знаејќи дека оттука натаму сè е полесно.
ВАГА: Заводливи и страсни, денес не чекате повеќе: знаете точно како да постигнете финансиски баланс и брзате да ги остварите своите планови. Ова се важни времиња пријатели, кои ќе ви се исплатат повеќекратно. Со добро здравје и кондиција, успевате да стигнете на различни страни и да им помогнете на повеќе луѓе.
СКОРПИЈА: Денешната ситуација е комплексна: иако очекувате позитивен развој, на сцената би можело да дојде до страсни реакции и грмотевици! Денот ќе се претвори во ноќ и инвестициите може да пропаднат. За да го избегнете ова треба да се соочите со подлабоките причини на работите и да останете искрени до крај.
СТРЕЛЕЦ: Ќе треба да научите да ги оставате луѓето кои што не му служат повеќе на вашиот развој зад себе: ова е период за трансформација и ако една врата се затвори, веднаш ќе се отвори нов прозорец на можности. Не реагирајте пред да ги имате сите информации и не светете им се на оние кои што не ви скривиле ништо.
ЈАРЕЦ: Сега веќе имате понапредни идеи каде да ги вложите своите средства и време, со што ќе постигнете стабилност во финансиската сфера: некоја пријателска личност, со големо чувство за практичност ви нуди повеќе опции, кои што треба да ги разгледате зрело и мудро. Набрзо би можеле да стигнете до саканата позиција.
ВОДОЛИЈА: Излегувате од една долга и мачна фаза и сфаќате дека оној кој што ги гледа сите битија во себе, а и себе се гледа во сите битија, не знае за омраза: можеби ќе треба да појдете на пат кој што е поврзан со професионалниот или општествениот статус, но оставете го минатото зад себе и ослободете се. Нови награди.
РИБИ: Ако размислите подобро, ќе откриете дека постојат многу работи за кои би требало да сте благодарни: пред вас е убав период, исполнет со мир и љубов, како и време за одмор. Покрај вас е некоја практична личност, која ве штити и ви влева сигурност и покрај сите ваши слабости. Бидете интроспективни и љубете повеќе.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ