Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден со силна динамика, во кој треба ги отстраните тешкотиите во својот личен живот: бидете непристрасни и намалете ја амбицијата, одложувајќи ги најважните решенија за понатаму. Штом ги надминете внатрешните сомневања, ситуацијата автоматски ќе се подобри. Потпрете се на својата искусна природа.

БИК: Месечината во Јарец ве подготвува за вести оддалеку: се јавува надеж бидејќи сте поддржани од страна на пријателите – сè упатува на тоа. Напорот што го правите е забележан од страна на менторите, но ќе треба да внимавате на својата непосредна околина. Сè уште не е време за брзање, затоа почнете со полесни задачи и ќе напредувате.

БЛИЗНАЦИ: Ако сакате да просперирате, ќе треба да ги отстраните тивките сомнежи кои ве мачат: време е да загосподарите со себе, не издавајќи ги сите свои планови, туку задржете некој адут во ракавот. Погледнете го светот од друг агол, за да го понудите најдоброто. Научете ги разликите во нивоата и ускладете се со универзалните принципи.

РАК: Денес ќе може да ја покажете својата учена природа: имате доволно разбирање за секоја единка, како и волја и самите да научите нешто ново. Ако сакате респект, ќе треба да им дозволите на другите да се сосема свои и да ги поттикнете да размислуваат слободно и да развијат чувство за лична одговорност. Состаноци.

ЛАВ: Радикална промена, која ќе направи место за нови работи: досегашните напори веќе носат плод, а сега ќе треба да размислите како понатаму. Од вас се бара воздржаност и соочување со потемната страна на нештата. Нема место за несигурност: и самите ќе кажете дека многу сте научиле од учителите, исто и од колегите, но и од своите ученици.

ДЕВИЦА: Во сè што работите, вложувате огромно внимание и дисциплина: од вас се бара подлабоко разбирање за она што се случува. Не форсирајте ги работите туку бидете истрајни и темелни: поделете ја обемната работа на помали целини и ќе ви биде полесно. Надминете ја импулсивноста: ве очекуваат импресивни резултати! Катарза.

ВАГА: Понекогаш дури и тешкотиите може да доведат до позитивни резултати: за оние што сакаат да напредуваат, големите кавги значат ослободување. Наоѓате сила да продолжите понатаму, оставајќи го бурното море зад себе. Нема потреба да се борите со ветерници, туку бидете благодарни што имате солзи: тоа значи дека имате и срце.

СКОРПИЈА: Планетите во Риби внесуваат многу љубов, внимание и среќа во вашиот живот: сега добро ја контролирате својата природа и можете да го напуштите досегашното однесување. Разбирате дека животот се менува повеќеслојно, а така и вашите ставови. Можна е нова симпатија, без оглед на романтичниот статус. Без отпор!

СТРЕЛЕЦ: Можеби ќе сакате побрз развој на настаните, но ќе сфатите дека сега од вас се бара истрајност: бидете трпеливи и ќе успеете да ја канализирате својата креативна енергија. Усложнувањето на работите му служат на напредувањето, затоа не се предавајте сега, кога речиси сè е готово. Имате длабока мудрост и визија. Селектирајте го важното.

ЈАРЕЦ: Застанете на кратко: прашајте се до каде сте стигнале и дали веќе сте на позицијата која што ја сакавте одамна? Денес сте барани и сакани, а ова сигнализира нов период во личниот живот: ослободете се од тензијата и несигурноста. Замижете понекогаш пред туѓата несовршеност и завршете ги заостанатите проекти.

ВОДОЛИЈА: Еден важен период во животот завршува и можеби сте безволни: разберете дека ако роните солзи само затоа што не ги гледате ѕвездите, нема да успеете да го видите ниту Сонцето! Од вас се бара умереност, особено во креативните проекти. Шанси има, прашајте се како ќе ги искористите? Бидете реални и ќе дојдете до саканите награди.

РИБИ: Жртва на сопствените погрешни уверувања: конечно време е да ја прекинете претставата и да ги смените маските. Запрашајте се која е вашата улога во реалниот свет, а потоа поклонете се и почнете: светот е тиран кон тиранот, а за благородникот и да не говориме. Колку ќе вложите, толку и ќе добиете: честа не се купува со ништо.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]