Хороскоп: Најопасните датуми во ноември ќе диктираат се наместо вас


Астрологијата ги открива двата најопасни датуми во ноември 2022 година!

Кон крајот на есента се очекуваат три опасни периоди и според астролозите најдобро е тогаш да не се носат важни одлуки. Веќе утре не очекува затемнување на Месечината во знакот Бик, кое носи големи пресврти и драматични промени. Особено ќе ги погоди четирите хороскопски знаци, но 8 ноември не е единствениот ден на кој треба да обрнеме внимание.

Постојат два клучни датуми кога е најважно да се биде дополнително внимателен. Токму 16 и 21 ноември можат целосно да ви го свртат животот, а еве кои полиња ќе бидат најмногу погодени:

16 ноември – Венера влегува во Стрелец

Венера влегува во Стрелец на 16 ноември и токму тогаш ќе бидеме најмногу склони кон ризик. Ќе бидеме авантуристи, а освен тоа, овој датум е особено опасен за секој кој сака да донесе важна одлука на полето на финансиите. Венера ќе натера многумина да престанат да се грижат за безбедните мерки кога се во прашање големите набавки, а несоодветен пристап ќе биде забележан и на полето на здравјето. Ова е најлошиот ден за екстремни спортови. На овој ден се препорачува да не пиете алкохол и да не земате лекови без совет од лекар.

21 ноември – Меркур во врска со Венера

Меркур и Венера во врска создаваат многу моќно влијание на негативната енергија. Ова ќе биде период кога мислите за одмазда ќе почнат да навлегуваат во главите на многу луѓе. Обидете се да не се сеќавате на старите ситуации доколку не сакате да си го расипете расположението или да оставите лош впечаток на вашите најблиски. Не зборувајте за тоа што се случило претходно. Обидете се да се фокусирате на нешто позитивно.