Хороскоп: Да ги натерате нив да се заљубат е како да „отварате конзерва со заби“


Откријте кои хороскопски знаци најтешко се заљубуваат.

Некои се заљубуваат на прв поглед, некои на трет, но има и такви на кои им е многу „тешко“ некому да го отворат своето срце.

Ако сакате романса со еден од овие шест хороскопски знаци, тешко вам.

Риби
Бидејќи Рибите се најчувствителните и најинтуитивните од сите хороскопски знаци, тие „лесно можат да бидат совладани од сопствените емоции“, вели познатиот астролог Лорен Еш. „Едно е да ги натерате Рибите да се заљубат во вас, но одржувањето на нивното внимание и посветеност на долг рок бара сериозна посветеност“.

Меѓутоа, важно е да се забележи дека ако срцето на Рибите е скршено премногу пати, помала е веројатноста повторно да му веруваат на некого.

Бик
Под владението на Венера, Бикот е еден од најромантичните и најсензуалните знаци во зодијакот. Но, како фиксен земјен знак, не очекувајте Бикот да го направи првиот чекор кога е љубовта во прашање. Според астрологот Лорен Еш, Бикот „попрво би избрал долго додворување со личност што му се допаѓа“. Тоа значи дека „штом Бикот ќе одлучи за нешто, речиси е невозможно да се предомисли“.

„Кога влегуваат во врски, тие се неверојатно лојални и емотивно стабилни“, додава Еш. „Трикот е да ги натерате да се отворат доволно за да ви ја покажат својата тајна романтична страна.

Стрелец

Ако можете да ги натерате да се обврзат, Стрелецот сака со сето свое срце и така што сите го знаат тоа. Познати се по тоа што се авантуристички и огнени, а Еш вели дека овој знак е „поверојатно да има повеќе љубовни врски одеднаш отколку една сродна душа“.

„Не е дека Стрелците не можат да се заљубат, тие дури целата страст ја насочуваат кон една личност. Меѓутоа, штом врската ќе почне да стагнира, тие се вртат и бараат нов предизвик. Како да ја задржите наклонетоста на Стрелецот? Бидете флексибилни, спонтани и секогаш имајте валиден пасош“, вели астрологот.

Скорпија

Кога станува збор за романса, Скорпиите се еден од најсексипилните и најсигурните знаци. На крајот на краиштата, тие се магнетски привлечни, страсни и лојални. „Како фиксен воден знак, Скорпиите знаат што да кажат за да го импресионираат партнерот и да му ласкаат“, вели Еш.

Сепак, тие можат да бидат крајно посесивни и љубоморни доколку не се чувствуваат доволно ценети. Искрено, на Скорпиите им требаат многу години за целосно да се чувствуваат доволно удобно во врската за да ја покажат својата темна страна. „Нивната љубов е љубовта што ќе треба да ја заработите“, вели Еш.

Близнаци

Познати по својата двојност и шарм, Близнаците во врските „летаат од цвет на цвет“. Тие често се „жонглираат“ со неколку групи пријатели, настани, хоби, а често и љубовници. Тие наоѓаат возбуда во често менувањето на партнерите што ги среќаваат на тој начин, на патот. Има и други предизвици доколку сте заљубени во Близнаци.

„Забавувањето со нив може да биде тешко поради нивната постојана потреба за интелектуална и вербална стимулација“, вели астрологот. „Близнаците треба да бидат сигурни дека секоја врска на која ќе се обврзат на долг рок нема да им стане здодевна за неколку години“. Ова не е хороскопски знак кој ќе ужива во мирна вечера со партнерот и гледање филмови дома.

Девица

Девиците се познати по тоа што се пребирливи и имаат големи очекувања во љубовта, што значи дека се крајно критични кон партнерот. Тие можат да бидат и нивните најлоши непријатели. „Двиците се воздржуваат од љубов затоа што се толку фокусирани на она што не функционира наместо на она што е добро во врската“, вели Еш.

Иако можеби нема да ја соопштат својата наклонетост на целиот свет, тие секогаш ја покажуваат љубовта кон другите преку однесување или квалитетно време. Кога Девицата вели „те сакам“, бидете сигурни дека тоа и го мисли.