Хорор во Загреб: Тела на подот од мртовечница, нема место во фрижидерите


Хрватски Индекс објави грозоморно видео од мртовечницата на кое се гледаат тела на луѓе на подот во мртовечница.

Како што пренесува овој хрватски портал, постои видео за кое се тврди дека е старо нешто повеќе од две недели, а ги прикажува посмртните останки кои се наредени на подот од мртовечницата во болницата „Свети дух“ во Загреб.

Станува збор за најмалку седум мртви тела кои лежат на подот на Одделот за патологија на таа болница, додека најмалку четири, покриени со чаршаф, лежат на колички за болнички транспорт.

На видеото може да се видат и затворени фрижидери.

Хрватско Министерство: Несоодветно и нехумано одлагање на останките

Од дирекцијата на КБЦ „Свети дух“ не го демантираат видеото, но велат дека поради недоволниот број фрижидери, телата на починатите мора привремено да бидат ставени во мртовечница до ослободување на фрижидерот. Индекс побара коментар од Министерството за здравство од каде истакнуваат дека депонирањето на посмртните останки на Заводот за патологија на КБ „Свети дух“ е крајно несоодветно и нехумано.

Оттаму, велат дека директорката на КБ „Свети дух“  е должна споменатите проблеми да ги реши во соработка со органите на институцијата и основачот, Градот Загреб, а препораките ги има  испратено и до санитарната инспекција која работи како дел од Државниот инспекторат на Република Хрватска.