Хорор во Србија: Маж со автоматска пушка влегол во средно училиште и почнал да пука


Вистински хорор се случил денеска во Србија, поточно во гратчето Велика Плана. Едно лице влегло во средно училиште и отворило оган од автоматска пушка, пренесува РТС.

Мажот два пати пукал од своето оружје, а за среќа нема повредени лица.

Напаѓачот бил совладан од еден од професорите во училиштето, а кај него се пронајдени уште и рачна бомба, пиштол и експлозив.

Првите информации кажуваат дека станува збор за психички болен маж кој сакал да направи заложничка ситуација во училиштето, но за среќа неговата намера е осуетена.

Еден корисник на социјалната мрежа Твитер се претстави како ученик од тоа училиште и објави фотографија од настанот.