Хорор во Скопје: Тело на мртва жена најдено во вреќа


Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп.

По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена“, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сѐ уште нема официјални информации околу возраста и идентитетот на женското тело што вчера беше пронајдено во близина на скопското село Горно Оризари.

Полициски извори пренесуваат дека обдукцијата е во тек и оти дополнителни детали сѐ уште нема.

Нема ниту одговор на прашањето во каква состојба бил трупот во моментот на откривањето ниту дали по телото имало забележливи траги на насилство. Надлежниот обвинител забранил теренско отворање на вреќата и анализирање на телото за да не се оштетат некои елементи битни за понатамошно расветлување на случајот.

Потсетуваме, телото е пронајдено вчера, спакувано во црна вреќа. Го пронашол вработен во комунална хигиена. Случајот е пријавен во полиција, од каде информираа дека досега немаат пријава за исчезнато лице, ниту пак, некаква дојава што би можело да помогне во идентификација на телото.