Хорор во Шведска: Напад со нож во близина на училиште, повредени неколку ученици


Неколку деца се повредени во напад со нож во училиште во Шведска, во близина на градот Ескилстуна, јавија локалните медиуми.

На терен има голем број полициски и возила на брза помош, јавува шведската ТВ4.

Ројтерс ја потврди информацијата на локалната телевизија дека имало напад, по што најмалку тројца ученици итно се пренесени во болница во градот Ескилстуна.

Шведската полиција започна потрага по напаѓачот.

„Точно е дека во Ескилстуна се случува тешко кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата.