Хорор во Шпанија: Безглаво тело на дете (2) пронајдено на песочна плажа во одморалиште преполно со туристи

Во вторникот рано утрото, на плажа во Шпанија е пронајдено тело на дете. Телото е без глава и е откриено при чистење на плажа


Телото на дете за кое полицијата се верува дека е меѓу две и три години беше пронајдено рано наутро во вторникот на песок на плажа во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег на Шпанија. Одморалиштето е омилена дестинација на многу туристи.

Телото на детето е без глава, а недостасуваат и други делови од телото, откриено е при чистење на плажата. Се претпоставува дека телото било исфрлено на брегот со водата бидејќи е во напредна фаза на распаѓање.

По откривањето, полицијата го опколила просторот каде што се наоѓа телото, а туристи биле испратени на други делови од плажата. На местото на откривањето е извршена увид.

Градоначалникот на Рода де Бера, Пере Вирџили, изјави дека можеби се работи за дете кое било на еден од чамците со мигранти што се преврте во Средоземното Море.

Чистачот на плажа најпрво помислил дека се работи за кукла, со оглед на тоа што телото било облечено во боди, спортски панталони и јакна, пишува El Pais.

„Се што можеме да потврдиме во моментов е дека телото на бебето е пронајдено на плажата Рода де Бера во провинцијата Тарагона. Извештајот дојде во 8:50 утринава. Работата се уште е под истрага“, потврди портпаролот на Цивилната гарда. На телото ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта на детето.