Хорор во близина на Париз: Пронајдени безживотни тела на жена и нејзините четири деца


Обвинителите во Франција започнаа голема истрага откако беа пронајдени пет безживотни тела во градот Мо, североисточно од Париз.

Според извештаите на локалните медиуми, жртвите се жена и нејзините четири мали деца. Полицијата во моментов трага по 33-годишен маж, татко на убиените деца, кој е во бегство.

Нивните тела се пронајдени во градот Мо, кој е на нешто повеќе од 41 километар од француската престолнина.

„Тие беа пронајдени во станот“, изјави локалниот обвинител за француската новинска агенција АФП.

Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека правосудната полиција во Версај води истрага.

Би-би-си пишува дека поширокиот регион на Париз неодамна бил сведок на серија чедоморства. На крајот на ноември 41-годишен маж призна дека ги убил своите три ќерки, а еден месец претходно полицаец ги убил и неговите три ќерки, а потоа се самоубил.