Хорор на шините во близина на Барселона: 150 повредени во судир на возови


 

Неколку десетици лица се повредени во судир на два воза во средата околу 8:30 часот во близина на Барселона, според шпанските власти. Според првите податоци кои ги пренесоа каталонските медиуми, дури 150 од нив.

Засега нема официјални детали за тежината на повредите, а локалните медиуми јавуваат дека три лица се пренесени во болница со повреди како скршеница на зглобот.

Судирот се случил на линијата во близина на градот Монткада и Реиксак, северно од Барселона, пишува Дејли мејл. Наводно, еден воз возел со голема брзина и налетал на друг што стоел на шините.

Сѐ уште не е познато како дошло до судирот.