Хорор кај Кратово: Го застрелал соседот, па се самоубил


Убиство и самоубиство го потресе Кратово. Педесет и седумгодишниот кратовец Г.К., со ловечката пушка што ја поседувал со дозвола, отишол во куќата на соседот Р.А. (66), исто така, од Кратово и го застрелал, а потоа заминал во својата куќа и се самоубил.
Како што соопшти МВР, вчера околу 14,20 часот било пријавено дека во
селото Луково, Г.К., кој имал здравствени проблеми со еден куршум го застрелал соседот, кој починал на самото место. Потоа го извршил самоубиството во дворот од сопствената куќа.
По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција
во Институтот за судска медицина Скопје за обдукција. Се работи на утврдување на причините за злосторството.