Хонгконг по прв пат воведе заклучување од почетокот на пандемијата


 

Хонгконг денеска воведе прво заклучување од почетокот на пандемијата со корона вирус.

Дури 10.000 граѓани на густо населениот дел од островот Ковлун може да останат дома додека не бидат тестирани.

Владата соопшти дека има намера таа работа да ја заврши за 48 часа, за граѓаните во понеделник да може да одат на работа, пренесе Ројтерс.

Во подрачјето на карантин опфатени се 70 згради.

Во тој дел на Хонгконг овој месец беа потврдени 162 случаи на корона ворус, а нивото на вирусот пронајден во канализацијата е поголем од другите подрачја.

Хонгконг е меѓу првите делови од светот погодени со корона вирус.

Таа кинеска автономна област успеа да го задржи бројот инфицирани под 10.000, со околу 170 починати повеќето минатата година, спроведувајќи строги мерки на социјална дистанца.