(Видео) Хонг Конг повторно врие, полицијата се брани со солзавец


Полицијата во Хонг Конг фрлаше солзавец во популарната трговска област, откако  стотици луѓе излегоа на улиците во неделата за да маршираат против новиот рестриктивен закон за градот предложен од Пекинг.

Поддржувачите на демократијата во Хонг Конг остро го критикуваа предлогот на Кина да донесе закон за национална безбедност со кој ќе се забрани сецесионистичка и субверзивна активност, како и странско мешање и тероризам во полуавтономната територија. Критичарите велат дека тоа е спротивно на рамката „една земја, два система“ што ветува слободи што не постојат сега во Кина.

Големи групи демонстранти облечени во црно денеска се собраа во Козвеј Беј, популарна трговска област за да протестираат поради тој предлог-закон. 
Демонстрантите извикуваа: „Застанете со Хонгконг!“, „Ослободете го Хонгконг“, „Револуција на нашето време“.
Активистот  Там Так-чи е уапсен за време на протестот поради, како што наведе полицијата,  незаконско собирање.  Там рече дека држел говор за здравје со кој е изземен од мерките за социјално дистанцирање  според кој се забранува собир на повеќе од осум луѓе