Холивудските ѕвезди пред суд: Почна судењето за мито во образовниот систем во САД


САД- Почна судењето на американските актерки Фелисити Хoфман и Лори Лаглин , заедно со уште најмалку 40 луѓе вклучени во скандал, во кој богати родители подмитувале тренери од колеџ и луѓе од центрите за тестирање со цел да им помогнат на своите деца да се запишат на најелитните универзитети во земјата.

Митото наводно се вршело преку компанија за консултации во Калифорнија, а според властите, родителите вкупно дале околу 25 милиони американски долари на основачот на фирмата Edge College & Career Network со цел нивните деца со сигурност да се најдат на приемните листи на престижните универзитети.

Во скандалот се вмешани универзитети како Јеил, Џорџтаун и Стенфорд.

Фелисити Хофман е позната по нејзината улога како Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“ , а Лори Лаглин од серијата „Полна куќа“.

Двете актерки стигнаа одвоено на судот и не сакаа да дадат изјави.