Холивуд изгуби 12 милијарди долари заради короната


САД– Холивуд е асоцијација за гламур, богатство, фасцинантен свет на филмската индустрија, филмови кои ги памтиме и кои ни ги олеснуваат деновите во изолација, познати актери и режисери, награди, Оскари…

Бил Портер на Оскарите во февруари, во тоалета инспирирана од палатата „Кесингтон“

Како што пишуваат „Форбс“, „Њујорк пост“и „Гардијан“ заради затворени кина, прекин на снимањата и ограничената работа од дома, ќе донесе финансиски губитоци кои досега изнесуваат 12 милијарди долари, додека најмалку 120 илјади вработени останале без плати и ангажмани.

Најмногу се погодени најголемите филмски студија како „Дизни“, „Јуниверзал“ и “Нетфликс“, а бидејќи 700 илјади луѓе се вработени само во Калифoрнија, според „Форбс“ тие уште во март побарале помош од државата.

Ако се прифати сценариото според кое од летото ќе може да се очекува подобрување на глобалната ситуација, ќе биде проблематично како во краток временски рок да се пикнат светските премиери на филмови. Меѓу нив се спомнуваат најновиот филм за Џејмс Бонд, „Мулан“ на Дизни и „Црната вдовица“ на Марвел.