Холивуд во Беверли Хилс: „Ел“ ги собра најмоќните жени


САД– Ноемвриското издание на „Elle“ е во знакот на силните жени од Холивуд, од сите генерации кои импонираат со изгледот, кариерата и не потклекнуваат на предизвиците кое ги носи новото време.

Никол Кидман во „Ралф Лорен“

Никол Кидман (52), кантри ѕвездата Доли Партон (73), Гвинет Палтроу (47), Скарлет Јохансон (34), Натали Портман (38) и Зендаја (23) позираат за специјалните фотосесии, облечени во дизајнерски парчиња.

Гвинет Палтроу во „Ботега Венета“

По тој повод, во Беверли Хилс вчера се одржа традиционалната вечер на магазинот „Ел“, насловена како „Жените во Холивуд“.

Марго Роби во „Ралф Лорен“

Секоја година, оваа по 26-ти пат, им се оддава почит на дамите кои со својата професија, активност и дејствување претставуваат инспирација, мотивација и поттик за другите. Овој пат, настанот беше во организација на Ралф Лорен и „Лексус“.

Скарлет Јохансон во „Том Форд“

Црвениот килим беше во црна боја, а холивудските актерки избраа или костуми или долги тоалети, со потпис на Ралф Лорен.

Натали Портман во „Диор“