Холанѓанец крадел монети од фонтана во Рим


Еден холандски турист бил забележан како краде монети од ренесансната фонтана во центарот на Рим. Полицијата го фатила на дело, а тој ќе мора да плати парична казна од 550 евра.

„Маж на возраст од 36 години скокна во фонтаната Дел Моро на плоштадот Навони. Откако сфатил дека полицијата го забележала, тој се обидел да ги скрие украдените монети“, се вели во соопштението.

Римскиот градски совет неодамна наложи строги правила за нелегално јавно однесување, како што е пливање во фонтани и пиење алкохол по улиците по 23 часот.