Холандскиот премиер Руте повика да се симне блокадата на Македонија
Иако Холандија припаѓа на групата земји членки на ЕУ со најмалку ентузијазам за проширување, холандскиот премиер Марк Руте на самитот во Брдо повика на што поскоро одблокирање на пристапните преговори со Македонија, кои се спречени од Бугарија.
„Не сум одушевен што пристапните преговори со Северна Македонија се блокирани. Мислам дека треба да ги деблокираме што е можно поскоро. Се надеваме дека ова може да се случи по изборите во Бугарија. Во исто време, мора да сториме сѐ што можеме за да се случи ова“, рече Руте.