Холандскиот министер за надворешни работи застана во одбрана на активистот кој го искина Куранот во Хаг


epa09873827 Dutch Foreign minister, Wopke Hoekstra, arrives at a special meeting of NATO's Ministers of Foreign Affairs on the Ukraine Crisis in Brussels, Belgium, 06 April 2022. NATO Ministers of Foreign Affairs will attend a working dinner on the evening of 06 April, and a second day of meetings on 07 April. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Слободата на изразување е важна вредност и се однесува и за непријатни мислења. Ова денеска го изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра, коментирајќи ги постапките на активистот кој го искина Куранот пред зградата на националниот парламент, објави холандската радиодифузна корпорација.

Министерот нагласи дека ја разбира провокативната и навредливата страна на ваквите постапки. Сепак, според него, слободата на изразување е важна вредност. – Таа слобода важи и за несоодветните мислења, рече Хукстра.

На 22 јануари, лидерот на антиисламското движење „Пегида“ Едвин Вагенсвелд организираше митинг пред парламентот, каде што го искина Куранот. Тој ја опиша својата постапка како слобода на изразување што треба да се дозволи во земјата.

Акцијата помина во голема мера незабележана во Холандија, но веста за чинот брзо се прошири на социјалните мрежи во Турција.

Амбасадорот на Холандија во Турција денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи во Анкара, каде што му беше изразен протест во врска со кинењето на копијата на Куранот на протестот во Хаг.