Холандски суд му забрани на таткото на 550 деца и понатаму да донира сперма


Холандски суд му забрани на еден маж да ја донира својата сперма откако во Холандија и во други земји се родени најмалку 550 деца со помош на неговата сперма, пренесува АП.

Судот наведе дека според холанските закони едно лице може да донира сперма за најмногу 25 потомци или за 12 семејства, како и дека донорот ги лажел идните родители за своето донирање сперма.

Донаторот, идентификуван како Џонатан М, донирал сперма во неколку холандски клиники за плодност и во клиника во Данска, како и на многу други луѓе со кои се поврзал преку оглас и онлајн форуми, се наведува во пресудата на судот.

Адвокатот на донорот рече дека на рочиштето сака да им помогне на родителите кои инаку не би можеле да зачнат дете.

Судијата кој го води граѓанскиот случај рече дека донаторот „намерно лажел за тоа за да ги убеди родителите да го земат како донатор“, се наведува во соопштението на судот.

„Сите родители се соочени сега со фактот дека децата во нивното семејство се дел од огромна роднинска мрежа, со стотици полубраќа и полусестри, кои не ги ни барале“, соопшти судот и додаде дека тоа е или би можело да има негативни психо-социјални последици по децата, па во нивен интерес е мрежата на роднинско сродство да не се шири понатаму.

Судот одлучи дека „интересите на децата и на нивните родители го надминуваат интересот на донаторот да продолжи да донира сперма на нови идни родители“.

Судот му наложи веднаш да ги прекине сите донации и рече дека ќе мора да плати 100.000 евра по случ ако ја прекрши забраната.