Холандија: „Скаутот“ за формирање коалиција поднесе оставка по наводите за корупција


Гом ван Стриен е од партијата на победникот Герт Вилдерс

 

Гом ван Стриен член на на неочекуваниот победник на изборите во Холандија, партијата ПВВ нема да продолжи како скаут на можни коалиции. Тој го изјави ова во изјавата во понеделникот наутро. „Овој викенд во медиумите се појавија написи за активности во моето минато, во кои мојот интегритет е доведен во прашање“, пишува искусниот член на Сенатот.

„Според мене, и немирите што се појавија за ова и подготовката на одговор на тоа не се однесуваат на мојата сегашна работа како скаут. Затоа ги известив Герт Вилдерс и претседателот на Претставничкиот дом дека веднаш ќе поднесам оставка од моите должности како скаут“.

Сè уште не е познато кој ќе го наследи Ван Стриен на скаут. Ван Стриен требаше денеска да ги одржи првите разговори со партиските лидери Герт Вилдерс (ПВВ), Франс Тимерманс (Зелени-ПвдА), Дилан Јешилгоз (ВВД) и Роб Јетен (Д66), но тоа сега е откажано.

Ван Стриен се најде во зентарот на цкандалот поради извештајот што неговиот поранешен работодавач „Утрехт холдингс“ го поднесе против него за измама и поткуп. Истражувањето на Deloitte содржи индикации дека Ван Стриен и неговиот наследник се збогатиле на сметка на „Утрехт холдингс“, подружница на Универзитетот во Утрехт и болницата УМЦ.

Двојката направила шема преку која приближно два милиони евра народни пари се слевале во фирма во која биле вклучени тие и нивните сопруги, а правеле сѐ што можеле за да ги прикријат сопствените интереси. Вилдерс не бил свесен за сето ова.