Холандија и Австрија ни го подотворија патот кон понатамошен пласман – одиграа нерешено
Ракометните репрезентации на Холандија и Австрија, попладнево одиграа нерешено (37:37), со што на црвено-жолтите им го подарија најдобриот исход, осносно остануваат во игра за место во четврт-финалето.
Истовремено пласманот на четвртото место во групата веќе ни е загарантирано ако на преостанатите два меча се остварат реалните резултати.
Холанѓаните играа брз стил, како и до сега, но во второто полувреме немаа одговор за феноменалната игра „7 на 6“ на австриските ракометари. Мечот беше драматично неизвесен, а доказ за тоа е фактот што имаше дури 23 изедначувања на резултатот.
Првото полувреме им припадна на „лалињата“, имаа два гола позитива (19-17), кои ги одржуваа и во второто полуреме, во 38-та минута беше 22-20, Тен Велде не искористи шанса за да и донесе водство на својата земја од три гола. Оваа разлика, Холандија ја имаше до 48-та минута кога Австрија со два гола во низа го превзем водството 28-29 за неизвесна завршница. На нецели осум минути до крајот, Холандија загуби топка, на другата страна Австрија не го искористи овој подарок, па беше казнета. Смитс и Стејнс ја вратија својата репрезентација на 34-33 во 55-та минута. Драмата продолжи, Фримел од седум метри ја врати минималната предност на Австрија, 35-36, а потоа во последниот напад за 36-37. Ферштајнен изедначи на 37-37, остана време за Австрија, но дуелот заврши без победник.
На ракометарите на Македонија сега за пласман меѓу осумте најдобри им треба уште поголемо чудо во вториот денешен дуел од групата во Вараждин, а тоа е Катар да ја совлада или да ѝ украде бод на Унгарија (18 часот), за потоа со победа или реми во дуелот со Франција да го комплетираат можеби најголемото чудо во историјата на ракометот.
На вториот меч од истиот термин, но од групата 1, Швајцарија славеше убедливо против Италија со 33 наспроти 25 гола.