Холандија ги лади мостовите со вода и фрла сол на улиците
Во Холандија се претпоставува дека ќе биде топло 40 степени. Со тоа се комплицираат некои процеси во земјава, која инаку не е подготвена за екстремни температури. Најголемиот холандски синџир супермаркети, „Алберт Хајн“, не им доставува никакви набавки на клиентите во вторник попладне. Компанијата соопшти дека е неодговорно да се испратат возачите на патот.
Поради високите температури, многу патишта и мостови исто така мора да се ладат. Невообичаена глетка на рекордната жештина се камионите со сол по улиците. Од општината Харденберг, на пример, известуваат дека солта не се фрла затоа што е лизгаво, туку за да се излади асфалтот. Солта ја извлекува влагата од воздухот, што пак го лади асфалтот. Ова е за да се спречи оштетување.
Во Амстердам подвижните мостови од утрото специјално се ладат со вода. Ова е за да се спречи ширењето на челикот. Мостовите не се отвораат за да се пропуштаат бродовите. Наводнувањето на мостовите во топлите летни денови е вообичаена практика во Амстердам.