Хоџа: Се уште исплаќаме заостанати субвенции од претходната Влада


 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека се уште се исплаќале заостанати, односно неисплатени субвенции од страна на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-Паричката има две страни. И откупувачите во време на пандемијата се погодени, а ние не смееме да заземаме страна. Моментално не е е толку проблематичен делот со оризот, колку со тутунот.  Во Агенцијата има промена на директорот. Сите субвенции кои досега не се исплатени, ќе се исплатат со предвидената динамика. Моментално немам податок кога ќе се исплатат. Најискрено кажаувам. За жал, оваа година и минатата се исплаќаа и неисплатени субвенции од претходната влада. Цело време се исплаќа, а од следната година сите заостанати плаќања ќе бидат исплатени и ќе бидеме на нула, односно ќе исплаќаме субвенции само за 2020 година, рече Хоџа.