H&M под истрага поради наводна дискриминација на клиенти во Шведска

Шведска– Шведската компанија за облека ХиМ (H&M) е под истрага за наводна дискриминација на клиенти врз основа на етничка припадност во Шведска, соопшти владината агенција.

Луѓето со друга етничка припадност треба да покажат сметка кога ги менуваат работите, тврди шведскиот народен правобранител.

Таканаречената регулаторна истрага беше покрената по написот во стокхолмскиот дневен весник „Афтонбладет“, кој неодамна објави снимки од клиенти од различна етничка припадност кои биле одбиени во обид да ги заменат алиштата што сè уште ги имале своите ознаки за цени. Некои од клиентите имале скриени камери.

Весникот секојдневно интервјуирал околу 60 клиенти и вработени во ХиМ.

Народниот правобранител се обрати до компанијата и очекува одговор до 22 декември во врска со нивната политика за замена на облека и нивната позиција во врска со дискриминацијата.

Компанијата потврди дека Народниот правобранител ги контактирал, но не даде дополнителни информации.