H&M ќе затвори 170 продавници ширум светот поради корона вирусот


 

Откако многу продавници за модни брендови беа присилени да се затворат, компанијата H&M доживеа 50 отсто пад на продажбата во текот на првото тромесечие.

На почетокот планираа да затворат 130 продавниви, но плановите се променија, затоа што продажбата и натаму, паѓа, па сега и бројот на затворање продавници се зголеми, пишува Good Morning America.

„Ковид-19 продолжува да влијае на луѓето, заедниците и комапниите ширум светот. Нашите вработени се многу упорни во ова предизвикувачко време. Нивната сигурност и сигурноста на нашите купувачи останува наш најголем приоритет и нашите продавници ги отворивме во согласност со одлуките на властите“, изјави извршната директорка на H&M Хелена Хелмерсон.

Пред пандемијата од корона вирус да го погоди целиот свет, брендот H&M постигна добри резултати, вели таа.

„Тоа е резултат на долгогодишните инвестивии за да створиме најдобра понуда за нашите купувачи и да направиме дигитален исчекор во индустријата. Но, се бориме против негативните ефекти од корона вирусот и сигурна сум дека од кризата ќе излеземе посилни“, порача Хелмерсон.

Иако нето продажбата е намалена, дојде до зголемување на интертен продажбата на модниот гигант за 36 отсто, а компанијата објави дека ќе дојде до напредок затоа што поголем фокус ќе се стави на е-трговијата.