H&M ги отвори продавниците во Москва за да ја распродаде стоката пред конечно да си замине


 

Продавниците на синџирот облека H&M, кој најави повлекување од рускиот пазар, се отворија во Москва за да ја продаваат преостанатата стока. Телеграмските канали Shot и Mash објавија видеа направени на отворањето на H&M во трговскиот центар Метрополис.

Mash истакнува дека цената на stokata во H&M е повисока отколку пред затворањето на продавниците во февруари. Vо првите часови се насобрале редици по продавниците, посетителите биле пропуштани во групи.

Групацијата H&M, која ги вклучува Monki, Weekday, Cos, Other Stories и Cheap Monday, ги затвори своите продавници во Русија по почетокот на војната во Украина, а на 18 јули објави дека ќе ја напушти земјата.

Компанијата одлучи да отвори неколку свои продавници во август за да го продаде остатокот од стоката (според Mash, стоката ќе биде доволна за 50 недели работа). Во исто време, онлајн продавницата нема да продолжи со работа, а нема да има продажба.

„Комерсант“ напиша дека H&M ги ставил на продажба своите средства во Русија. Извор запознаен со понудата рече дека средствата вклучуваат портфолио на права на закуп на околу 170 продавници во 65 руски градови, дистрибутивен центар од 57.700 квадратни метри и 30-неделна залиха на стоки со проценета вредност од 210 милиони долари.