Хју Џекмен втор пат позитивен на Ковид-19


САД- Актерот Хју џекмен беше позитивен на тестот за Ковид-19 еден ден откако се појави на 75-тото доделување на наградите Тони во неделата, театарски еквивалент на филмскиот „Оскар“. 

Џекмен ја сподели веста за неговата дијагноза на коронавирус со фановите преку видео на Инстаграм во понеделникот.

Џекмен, кој моментално глуми како професорот Харолд Хил во „The Music Man on Broadway“ на Мередит Вилсон, додаде дека неговиот колега Макс Клејтон ќе го замени.

На неделните награди Тони – за кои беше потребно тестирање на PCR пред шоуто за оние кои седеа во оркестарот – 53-годишниот актер беше номиниран за најдобра изведба од актер во водечки мјузикл, која му припадна на Мајлс Фрост од MJ the Musical. 

Австралиската ѕвезда првпат беше позитивен на Ковид-19 во декември, принудувајќи го привремено да се повлече од мјузиклот на Бродвеј. Во јануари, тој го најави своето враќање во видеото на Инстаграм.